СП 2018 - генерална дискусија

Дали сериозно мислите дека ќе се вратат темите?

  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Некоја белгиска телевизија изгледа прерано пуштила реклама за фирма за душеци, перници итн. која спакувала посебно за секој играч во Русија и според етикетите кои недостигаат, од финалниот состав ќе отпаднат Селс, Кабасел, Џордан Лукаку, Јанузај и Дендонкер.
 
Fantasy World Cup
Нешто такво нема ли ?

Деновиве ќе биде пуштено официјалното фантази за СП. До утре и останатите репрезентации треба да ги потврдат играчите (23 играчи) кои ќе учествуваат на СП па затоа се чека и со фантази играта. Ќе се отвори тема и Кајгана лига деновиве кога ќе ја отворат играта.
 
Ич не сум во тек со настаните, Икарди и Сане не се земени?

Брандт излегол пред Сане, Икарди одамна беше познато дека нема да биде земен, иако беше на поширокиот список

Иначе не знам дали да отвориме тема за интересни факти. Но еве еден интересен факт, кој гласи дека Барселона е првиот клуб кој ќе има бар по еден играч во секоја група на Светското првенство
 
Вака чепкајќи површно низ репрезентациите и ростерите, ми се чини дека европскиве екипи никогаш не биле полоши, освен шпанциве можеби, кои пак имаат солидно тимче но веќе имаат све освоено и прашање е како стојат со мотивацијата.
И белгија, иако они се "нова репрезентација".

Германија, Франција, Англија (на хартија барем, според мене) - никогаш поочајни.

Мислам дека Бразил е најголем фаворит (на хартија), па после Шпанија и така натаму.
 
Како бе Франција никад по очајна?
Според мене, они и Бразил се главни фаворити. После се Шпанија и Германија и после нив Аргентина, Белгија и Уругвај.

Не смееш да потцениш играчи како Гризман, Мбапе, Погба, Канте, Матуиди, Умтити...
 
Најкомплетни се Шпанија Бразил и Франција, ќе видиме на терен како ќе делуваат. Уругвај мислам дека ќе истурка далеку а Мароко, Перу и Сенегал една од овие репрезентации очекувам пријатно да изненади.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Од изненадувања очекувам Нигерија... исто горе не споменав уште у топ8 и Хрватска.
 
Вака чепкајќи површно низ репрезентациите и ростерите, ми се чини дека европскиве екипи никогаш не биле полоши, освен шпанциве можеби, кои пак имаат солидно тимче но веќе имаат све освоено и прашање е како стојат со мотивацијата.
И белгија, иако они се "нова репрезентација".
.

Само Рамос, Пике, Иниеста, Бускец, Давид Силва, Алба и Пепе Реина имаат освоено нешто (СП/ЕП) од ростерот на Шпанците за ова првенство, далеку од тоа дека не би имале мотивација останатите.
 
Хрватска со Франција би вкрстила во 1/8
 
Само Рамос, Пике, Иниеста, Бускец, Давид Силва, Алба и Пепе Реина имаат освоено нешто (СП/ЕП) од ростерот на Шпанците за ова првенство, далеку од тоа дека не би имале мотивација останатите.

Епа ти наброја 5 сигурни првотимци, кои не се било кои, туку самиот костур на екипата
Муабетот ми е што имаа предолга сезона огромен дел од играчите, далеку "најизморена" репрезентација се, колку и да е ова банално, сепак и те како има удел (посебно од 1/8 финале па натака).
Сите играчи им се од барса,реал или атлетико. Сите екипи изиграа можеби преку 50 утакмици сезонава. Од друга страна тешко е да се мотивираат тие играчи кои ги наброја, а и тешко е да ги измотивираш останатите Реалови ѕвезди кои освоија све што можеше да се освои на клубски план, и веќе се етаблирани играчи. Но, сепак они се професионалци и ќе бидат екстра мотивирани, и јас малку претерав, признавам. Друга работа, имаат една голема маана. Само диего коста им е напаѓач од светска класа. Колку и да беше тапа Мората, има искуство на големи утакмици и несмееше да биде изоставен.

Зборувајќи за Франција, @NeymarJunior, на одбраната мислев пред се. Напред се повеќе од океј. Средината им е онака, ништо бомбастично, барем не според клупските перформанси на играчите оваа сезона. Матуиди не беше нешто сјаен у Јуве, имаше повремени блесоци да. Канте исто, можеби и најголем пад у форма имаше оваа сезона (милион киксови ја му паметам), а Погба е топло-ладно и сезонава истрпе секојдневни критики за неговите перформанси - и тоа со право, пошто на моменти беше очаен за Јунајтед. Од играчите избрани од француското првенство, искрено не очекувам ама баш ништо.
 
Иначе не знам дали да отвориме тема за интересни факти. Но еве еден интересен факт, кој гласи дека Барселона е првиот клуб кој ќе има бар по еден играч во секоја група на Светското првенство

И тоа баш Јери Мина е „заслужен“ за ова. :D Пред неговиот трансфер немаше Барса играч во група Х.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom