Само Рамос, Пике, Иниеста, Бускец, Давид Силва, Алба и Пепе Реина имаат освоено нешто (СП/ЕП) од ростерот на Шпанците за ова првенство, далеку од тоа дека не би имале мотивација останатите.
Епа ти наброја 5 сигурни првотимци, кои не се било кои, туку самиот костур на екипата
Муабетот ми е што имаа предолга сезона огромен дел од играчите, далеку "најизморена" репрезентација се, колку и да е ова банално, сепак и те како има удел (посебно од 1/8 финале па натака).
Сите играчи им се од барса,реал или атлетико. Сите екипи изиграа можеби преку 50 утакмици сезонава. Од друга страна тешко е да се мотивираат тие играчи кои ги наброја, а и тешко е да ги измотивираш останатите Реалови ѕвезди кои освоија све што можеше да се освои на клубски план, и веќе се етаблирани играчи. Но, сепак они се професионалци и ќе бидат екстра мотивирани, и јас малку претерав, признавам. Друга работа, имаат една голема маана. Само диего коста им е напаѓач од светска класа. Колку и да беше тапа Мората, има искуство на големи утакмици и несмееше да биде изоставен.
Зборувајќи за Франција,
@NeymarJunior, на одбраната мислев пред се. Напред се повеќе од океј. Средината им е онака, ништо бомбастично, барем не според клупските перформанси на играчите оваа сезона. Матуиди не беше нешто сјаен у Јуве, имаше повремени блесоци да. Канте исто, можеби и најголем пад у форма имаше оваа сезона (милион киксови ја му паметам), а Погба е топло-ладно и сезонава истрпе секојдневни критики за неговите перформанси - и тоа со право, пошто на моменти беше очаен за Јунајтед. Од играчите избрани од француското првенство, искрено не очекувам ама баш ништо.