СП 2018 - генерална дискусија

Дали сериозно мислите дека ќе се вратат темите?


  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Икарди не е викнат, зш Меси не го сакал.
Овие теории на заговор ми се најјаки. :pos::pos:
Во март-април некаде, кога повеќето новинари типуваа дека Икарди ќе биде повикан, а Дибала ќе биде изоставен, почнаа приказните дека Меси не го сака Дибала и затоа нема да биде повикан во репрезентацијата.
Сега откако Сампаоли го објави конечниот состав и на него го има Дибала, а е изоставен Икарди, истите новинари тврдат дека Меси не го сака Икарди и затоа не е повикан :pos:


П. С.
Да не заборавиме и дека на пријателските натпревари пред некое време кога селекторот не го повикуваше Игуаин, повторно се вртеа истите муабети, дека Игуаин не е повикан затоа што Меси не го сака бидејќи на неколку пати ја оштети репрезентацијата со неговите промашувања во битни натпревари. :LOL::LOL::LOL:
 
Ќе се пријавувате за анализи или ќе чекате да почне СП па да постирате „еј како бе на никој не му текна анализи да правиме“? :)
 
Ќе се пријавувате за анализи или ќе чекате да почне СП па да постирате „еј како бе на никој не му текна анализи да правиме“? :)
Не се најдоа осум различни луѓе за краток вовед на групите, нема шанси да има 32 за анализи. Подобро ич да не почнуваме таква иницијатива :D
 
Ќе се пријавувате за анализи или ќе чекате да почне СП па да постирате „еј како бе на никој не му текна анализи да правиме“? :)
Чек,овде збориме за анализа на секоја репка посебно,така?
 
Еве јас се пријавувам да напишам за Уругвај, најинтересно тимче ми се на првенството.
 
Еве ја за Франција ќе се потрудам да склопам нешто
 
Јас за звездаСрбија, најозбилен сум
 
Ваљда и јас ќе можам, да испоштувам традиција. (иако мислам дека заебав за ЕП 2016) Само отворете тема да се пребрпоиме или некој нека не преброи тука. :)
 
@Leo Bonnie - Уругвај
@mkgunner - Франција
@NomoregameS - oдбери за кого
@ManUtdChampions - и ти одбери :D

Кој кога ќе биде спремен нека отвори, нека постира и нека не заборава во насловот да дополни Read only дека е темата.

Другите што ќе бидат заинтересирани нека го пастираат списокот и нека се дополнат со јузер и репрезентација.
 
Што е работава со 3 официјални песни на светсково?
Лани и повеќе имаше...Ова фудбал е или MTV Adria?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom