Нема потреба. Одриозола е страшен играч, нов талент од Сосиедад, детето изгази сезонава. Сите што пратат Ла Лига почесто го знаат и заслужено според мене е повикан за репрезентација. Исто така мислам дека и Аспилицвеца може да покрие на десен бек. За нападот, никој друг шпански напаѓач не се заслужи да се најде во составот, башка што Шпанија последниве неколку години не важи за репрезентација што игра со истурен напаѓаџ, вака со играчиве што ги повикал има да внесе нова димензија во играта на Шпанија, башка Аспас колку и да беше смешен во Англија и Ливерпул човекот се препороди во Селта и константно си игра одлични сезони во Шпанија.
Не сум го гледал Одриозола така да може и оправдано е земен, за нападот што знам, ни Коста имаше добра сезона, мизерен му е учинокот во дадени голови, а Родриго и Аспас, колку и да се добри за своите клубови не ми делуваат како имиња што треба да предводат напад на селекција од рангот на Шпанија