СП 2018 - генерална дискусија

Дали сериозно мислите дека ќе се вратат темите?


  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Нема потреба. Одриозола е страшен играч, нов талент од Сосиедад, детето изгази сезонава. Сите што пратат Ла Лига почесто го знаат и заслужено според мене е повикан за репрезентација. Исто така мислам дека и Аспилицвеца може да покрие на десен бек. За нападот, никој друг шпански напаѓач не се заслужи да се најде во составот, башка што Шпанија последниве неколку години не важи за репрезентација што игра со истурен напаѓаџ, вака со играчиве што ги повикал има да внесе нова димензија во играта на Шпанија, башка Аспас колку и да беше смешен во Англија и Ливерпул човекот се препороди во Селта и константно си игра одлични сезони во Шпанија.

Не сум го гледал Одриозола така да може и оправдано е земен, за нападот што знам, ни Коста имаше добра сезона, мизерен му е учинокот во дадени голови, а Родриго и Аспас, колку и да се добри за своите клубови не ми делуваат како имиња што треба да предводат напад на селекција од рангот на Шпанија
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Мене ме изненади што ги нема Микел Алонсо или Белерин, другото горе-доле е очекувано. Мората не заслужи повик. Аспас и Родриго се пријатни изненадувања. За мене Шпанија е прв фаворит, па ќе видиме...

Белгија колку и да има квалитетни играчи, некако го немаа до сега оној „Х фактор“ да бидам голема репрезентација. Им фалеше уиграност и организација, против силни противници буквално се губеа, како со Аргентина на СП или против Италија на ЕП. Плус никако не најдоа добар селектор. Кој знае, може ќе се разбудат сега, мада за титула не би им дал големи шанси...

Кај Аргентина, мило ми е што Дибала е викнат, мада ќе грее клупа повеќе време најверојатно. Икарди изгледа премногу лошо влијае на атмосферата во тимот. А и додуша до сега нема направено ама баш ништо кога и да добил повик, така да може и Сампаоли добро одигра што не го викна.
 
Не сум го гледал Одриозола така да може и оправдано е земен, за нападот што знам, ни Коста имаше добра сезона, мизерен му е учинокот во дадени голови, а Родриго и Аспас, колку и да се добри за своите клубови не ми делуваат како имиња што треба да предводат напад на селекција од рангот на Шпанија
Па не би се сложил. Како што кажа сам, смешно звучи ама средината е таа што ќе го води нападот заедно со Диего Коста. Не би ме чудело на некои натпревари Шпанија да не ни почне со напаѓач. За Родриго и Аспас колку и да не се звучни имиња, за од клупа одлично си ја вршат работата. Аспас секоја можна шанса што му беше дадена во квалификациите си ја искористи со гол или асистенција.
Од тука добив инспирација. :D

FB_IMG_1526908779711.jpg
 
Шпанија класика има убедливо најдобар среден ред.
 
Подфорумот за СП е отворен (ќе се појави кај вас за минута - две поради системски лаг) и темава ќе биде преименувана во генерална дискусија околу Мундијалот.

Можете да се договарате за теми кои ќе ги опфатат групите и по желба ако сакате и годинава да има анализи во read only тема како што беше обичај и досега.
 
Линк до подфорумот од СП 2014, како пример за какви теми може и треба да се подготват.
 
Го видов ова на стори кај еден Белгиец од младите фудбалери на Јунајтед, наводно и други ја ставиле сликава во знак на поддршка за Раџа. Таман ги исфаливме, со негативен набој се уште нетргнати за Русија :D

61b9a9d05806c07940f1fbe3502d5083.jpg
 
Последно уредено:
Мене ме изненади што ги нема Микел Алонсо или Белерин, .

За Микел Алонсо не е некое изненадување. Микел Алонсо пијан има направено сообраќајка и притоа во сообраќајката има умрено помлада девојка. Има добиено неколку пресуди кои на крај се преиначени само во парични казни и одземена возачка бидејќи има исплатено доста кеш на фамилијата на девојката и бидејќи го има признаено делото и се кае.
Шпанската јавност едноставно не го сака играчот поради овој момент и не верувам дека некогаш ќе биде викнат за некое натпреварување, беше викнат сеа првпат за пријателска, али од тоа ништо повеќе. Он тешко дека и ќе заигра воопшто некогаш за шпански клуб, на кое и да е гостување да игра ќе има ненормален притисок со свирење на секој можем допир.
 
И Марадона во 2010 не го повика Диего Милито кој таа сезона беше најдобар стрелец во Серија А, потоа Сабеља во 2014 го изостави Тевез кој беше трет стрелец во таа сезона во Серија А.
Сега Сампаоли го изоставува Икарди, најдобриот стрелец во Серија А.

Не мораше да му е прв избор во нападот, ама можеше да го земе и Икарди на сметка на некој од дефанзивците или средните, кој нема да го помириса теренот.
 
Последно уредено:
За Микел Алонсо не е некое изненадување. Микел Алонсо пијан има направено сообраќајка и притоа во сообраќајката има умрено помлада девојка. Има добиено неколку пресуди кои на крај се преиначени само во парични казни и одземена возачка бидејќи има исплатено доста кеш на фамилијата на девојката и бидејќи го има признаено делото и се кае.
Шпанската јавност едноставно не го сака играчот поради овој момент и не верувам дека некогаш ќе биде викнат за некое натпреварување, беше викнат сеа првпат за пријателска, али од тоа ништо повеќе. Он тешко дека и ќе заигра воопшто некогаш за шпански клуб, на кое и да е гостување да игра ќе има ненормален притисок со свирење на секој можем допир.
kaj nas da napravese takvo nesto minister ke gk stavea..

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Колку јако звучи нападот на Аргентина, а уствари се мачеа гол да дадат по тоа нивите во квалификациите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom