СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Грешка си суди пенал и му даде црвен, од вар го викнаа да му кажат дека е надвор а црвен секако му беше даден независно дали беше пенал или надвор.
Ако добро примети истото го пишав, ако видеше дека е внатре фаулот ќе си останеше одлуката црвен и пенал.
 
Повеќе коментари за мртвата игра на Швајцарија одколку одличната изведба на Шведска:pos:

Како и да е Швеѓаните со ваквата игра и одбрана што ја имаат можат до полуфинале и мислам дека повеќе им одговара Колумбија во четврт финалето заради севкупниот квалитет и искуството на страна на Англичаните..

Очекувам убав отворен фудбал вечерва ми се смачи од мртви продолженија и пенали
 
Кај ви се новите правила за престрого пенал и црвен? :D
Што не ти е јасно?

Со намера го турна од зад грб. И според новите правила тоа е црвен, независно дали е внатре или надвор од шеснаесетникот. Тоа со денови го објаснуваме.
 
Што не ти е јасно?

Со намера го турна од зад грб. И според новите правила тоа е црвен, независно дали е внатре или надвор од шеснаесетникот. Тоа со денови го објаснуваме.

И оној од Данска со намера го сопна од позади Ребич, па тврдевте дека е тоа за жолт. Ако реално гледаш на работите, тоа беше погруб фаул, имаше намера, и плус спречи чист гол. Ако таму даде само жолт, и овде требаше само жолт.
 
Се се тоа без врска муабети. Од таа страна останаа многу изедначени по квалитет репрезентации, и секоја од нив може да игра финале, исто како што може без проблем да се посере. Во што Франција има поголем капацитет од Бразил, Белгија па и од Уругвај? Да не беше очајната Аргентина со одбрана како третолигашка екипа Франција немаше така сјајно да изгледа, па никој немаше да тврди дека имаат голем капациет. Да се разбереме, силна е Франција, ама не е посилна од Бразил или Белгија. Нијанси ќе одлучуваат, и најмногу среќата.

Во фудбалот заради самата природа на играта, со мал број на погодоци, премногу работи зависат од случајноста и среќата. Во игрите со голем број на погодоци квалитетот многу полесно излегува на виделина.
Нема да ме зачуди и Русија да освои како тргнало светсково ама Франција ми е фаворит поради ширинта на составот која мислам дека е поголема од другите конкуренти. Иначе воопшто не се заебанција репрезентациите од таа страна на жребот.
 
И оној од Данска со намера го сопна од позади Ребич, па тврдевте дека е тоа за жолт. Ако реално гледаш на работите, тоа беше погруб фаул, имаше намера, и плус спречи чист гол. Ако таму даде само жолт, и овде требаше само жолт.
Ај најди што напишав за тоа. Истото и Стефан го велеше.

Screenshot_2018-07-03-19-27-39.png
 
Ај најди што напишав за тоа. Истото и Стефан го велеше.

Напиши ми во две реченици. Мене ситуацијата ми е прилично јасна. Ако има такво ново правило не се спроведува како треба. Ако она со Хрватска беше само жолт и пенал, тогаш и ова е само жолт и пенал (или фаул, кој во прв момент не се виде).
Некој од двата судии згреши, мене ми се чини оној на мечот Хрватска Данска. Јас почиста ситуација од таа за црвен и пенал одамна немам видено. Ребич сам пред гол, со издриблан голман, намерен фаул од позади кој спречува чист гол. Тоа е школски пример за црвен и пенал. Рековте има ново правило. Ако го има, каде беше денес? Црниот швеѓанец беше во полоша ситуација од Ребич, голманот беше пред него, и беше подалеку од голот, и швајцарецот за поблаг фаул доби црвен картон.

Нешто не е во ред, како и да го извртуваш.
 
Едитирав во спојлер слика. Во право си, погреши оној на Хрватска-Данска.

Скомина денеска се водеше по словото на правилото.

Едит: Најголемата грешка сите ја правите што се раководите по видот на прекршокот. Дали е опасен или обичен старт. Многу побитно е дали е намерен или ненамерен. Секое туркање (како она денеска) или влечење од зад грб е намерно и се казнува со директен црвен.
 
Последно уредено:
За разлика од Servia, барем Швајцарија помина групи.
 
Што не ти е јасно?

Со намера го турна од зад грб. И според новите правила тоа е црвен, независно дали е внатре или надвор од шеснаесетникот. Тоа со денови го објаснуваме.
И ја викав дека тоа на Ребич беше чист црвен и пенал. Ама тука ми објаснуваа дека имале нови правила. Кај беа денес новите правила, тоа ми беше прашањето?
 
Добро влегоа Англичаниве во утакмицата.
Ќе биде добро да падне еден гол да гледаме уште подобар натпревар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom