СП 2014 - Група Д (Уругвај, Коста Рика, Англија, Италија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Калкулации во групава ќе може да правиме утре после натпреварот на Италија. Комплицирано ќе биде во секој случај, но доколку победат Аѕурите барем за нив ќе ми е мирна главата. Додека за Англија нема што да додадам, а да не е кажано. Колку само неверојатно проста и наивна репрезентација.
Колку ти е само исполнета душата моментално еј :D
 
Калкулации во групава ќе може да правиме утре после натпреварот на Италија. Комплицирано ќе биде во секој случај, но доколку победат Аѕурите барем за нив ќе ми е мирна главата. Додека за Англија нема што да додадам, а да не е кажано. Колку само неверојатно проста и наивна репрезентација.

ТР 1:1 :D
 
Добро, да образложам детално.

Идеш у земја кај што има поинаков менталитет и поинакви сфаќања. Разбирливо е дека треба да ги прифатиш, али тешко ти иде тоа, пошто потекнуваш од место кај што се збори "Европа е никаква, не попречуваат, глумат газди", мислам исти муабети ко у Македонија "Американц'те се криви, све треба тоа да се утепа, да живеј Ма'ч'донијата наша!". Идеш, тераш по твое, те казнуваат 20 утакмици и ти го уништуваат имиџот кој си го имал, цел свет те гледа како расист што секако ти се одразува на фамилијата а и на државата која ја претставуваш. Значи пред две години си бил национален херој на Светското, а тука те праат... да не речам што.

Океј... дали е крив или не, не е битно, битно он е у таква ситуација сеа. Доаѓа у можност да им се одмазди за тоа на луѓето кои го заебале (не играчите, збориме тие што се на повисоки позиции), а притоа да и обезбеди слава на татковината. Успева да го направи тоа. Не го праи лежерно, туку у мајсторски стил и им се моча на нив. Па нека го свират колку сакаат, он си го доби неговото, нека го банираат сеа три сезони ако сакаат, полош не можат да го напраат.

Друга работа, муабетот "Англија и онака нема да освои, нема што да се надеваат" ти е за нигде. Сезонава Ливерпул у август трпеше коментари како "Ако Ливерпул е фаворит за ПЛ, тогаш треба и Евертон и Саутемптон да ги броиме ко фаворити". И испадна дека Ливерпул стварно се бореше за титулата. Ако можеше тоа да се деси, зашто, во очите на Стиви Џи, Англија не би можела да освои светско? Даваат 100%, нема благе везе тоа дали можат или не можат, битно тој и сите играчи веруваат у тоа. Џерард не играше "за ништо", поготово кога ќе додадеш дека ова му се последни настапи.
Не знам шо ми фати умот да го читам ова во 6 сабајле, али муабетов држи вода. И се извинувам шо ви се мешам во муабетот.
 
Добро, да образложам детално.

Идеш у земја кај што има поинаков менталитет и поинакви сфаќања. Разбирливо е дека треба да ги прифатиш, али тешко ти иде тоа, пошто потекнуваш од место кај што се збори "Европа е никаква, не попречуваат, глумат газди", мислам исти муабети ко у Македонија "Американц'те се криви, све треба тоа да се утепа, да живеј Ма'ч'донијата наша!". Идеш, тераш по твое, те казнуваат 20 утакмици и ти го уништуваат имиџот кој си го имал, цел свет те гледа како расист што секако ти се одразува на фамилијата а и на државата која ја претставуваш. Значи пред две години си бил национален херој на Светското, а тука те праат... да не речам што.

Стварно, он толку тешко се мачеше да дојде до тој имиџ во Холандија.
Живи луѓе јадеше.
Хммм, дали Заев мислеше на истото? Дали и тој сакаше да стекне имиџ со изјавата?
 
Кривицата е на ФА оти ја направија најкомерцијалната лига во светот, ќе прават одличен бизнис но нема да имаат репрезентација. Најдобра лига со Суарез во Ливерпул, Озил и Рамзи во Арсенал, Хазард во Челзи, РВП во Јунајтед, за Сити и Тотенхем не прам ни муабет колку англичани имаат. Епа не може така, само Руни вреди од најдобрите екипи во ПЛ. Лалана на 26 години одигра добра сезона и одма вауу талент ќе освоиме светско со него. Додека не добиваат шанса англичани во ПЛ нема да имаат силна репрезентација а тоа нема никогаш да се случи бидејќи нели парите се послатки.
 
Iskreno moj pecatok e deka Angliskiot tim e prosecna ekipa so po nekoj klasa igrac. Ne bi bilo toa problem ako moze selektorot da napravi nesto ama i tuka sedi prosecen selektor koj mu zamina vozot od noviot fudbal koj se igra poslednive godini. Isto taka istiot problem im ostana so nemajne soodvetni igraci za osvojuvajne titula. Premier ligata e mozebi najjaka ili najkonkurentna liga, no sigurno ne poradi Angliskite igraci koj poretko moze da se najdat vo jakite klubovi. Toj problem go imase Germanija pred 10 godini kade timovite noseja eftini igraci od istocna Evropa i im go zemaa mestoto na mladite talenti. Ne znam dali e procesot pocnat na vlozuvajne vo mladi talenti, mladinski akademii itn. no Anglija podhitno treba da go sledi patot na Germanija, posto pokaza rezultati. Sporedbata na timot 2002 i denes e ko den i nokj. Ama i ubavi vikate, i do pristapot e nekojpat no ne e toa edinstvenata pricina.
 
Абе кој сака нека игра пак ќе се посерат. 2002-2006 имаа дрим тим во правата смисла на зборот, со играчишта на секоја позиција. Ама никогаш немале доволно дисциплина па и тимска игра за да постигнат нешто повеќе. За менталитетот да не зборуваме, за екипите сите се одлични, за репрезентацијата нозете им се фаќат.
 
Џерард сам кажа пред некој месец „Со Лампард се тепавме кој да игра понапред, за да даваме повеќе голови“.
 
Не може нација која се замара поише за аферите на играчите место да глеа кој како игра да освои светско.Сеа веќе и џабе им е коа златна генерација им пропадна заради немање дициплина,со овие сигурно нема да напраат нешто.
 
Па оваа сезона еве, сите му свиреа (освен у Велс :D ), па пак не напраи ништо, цела сезона остана без инцидент. Али добро, еднаш ќе напраи нешто, ќе рогне топка у публика од нервоза и ќе почнат коментарите "Волкот го мењува крзното не не и карактерот; Еднаш гад, секогаш гад; Ваквите не се мењаат никад".
Сезонава се исконтролира страшно. Ама се гледа дека му влијаат и дека е емоционално „потрошен“. Плачеше човекот, којзнае колку долго им го има собирано. :D Ако успее уште една сезона да се контролира, за мене ќе биде рамно на чудо.
 
Ќе успее, зошто нема да остане во Ливерпул :D
 
Како што реков и пред мечот Уругвај за мене беше фаворит на овој меч и дека ќе стигне до победа,тоа и се оствари.. далеку од тоа дека Англија имаат слаб состав,можеби го имаат и еден од подобрите состави на овој мундијал,но се гледа дека им фали тимската игра и некој подобар тренер... јас мислам дека тренерот е најголемиот кривец и само поради него Англија предвреме ќе си замине дома,иако сеуште имаат некој минимални шанси за да пројдат... виде и тој самиот со Италија дека не е се како што треба и мораше да направи некоја промена во тимот, а не со истиот тим кој загуби од Италија да излегува на терен без ниедна промена во составот... како и да е заслужена победа на Уругвај и се надевам дека со добра игра можат да стигнат до победа и во мечот со Италија и пласман во следната рунда.. затоа што имаат одличен тим и заслужуваат да се најдат во 1/8 финале.
 
Абе не е до тренерот толку многу. Фабио им беше тренер па што? :)

Грешката на Рој е тоа што играше 5 играчи од Ливерпул а немаше допирна точка играта на Англија со играта на Ливерпул под палка на Роџерс. Џабе му е Хендерсон како ДМФ кога тој треба да игра како ЦМФ, да брка низ цел терен а не да се гуши со Стиви, џабе му е Рахим како ол араунд со огромна слобода. Требаше да му ја зацрта таа десна страна а не да лута по терен и да му даде поголема слобода од онаа што ја има Џерард. Џабе му е Џонсон во тим, кога Џонсон моментално е дупка и не е ни бледа сенка од Џонсон пред година дена...

Исто, ужас беа Кејхил, Бејнс и Харт. Од овие, само за Бејнс имаше соодветна замена во Шо, само што Woy немаше мадиња (ништо ново) да го издржи притисокот наречен „британски печат/британкса јавност“ и да си го стави Шо во игра.
 
Озбилни сте со муабетиве Италија 1-1 Коста Рика?3 или 4-0 ко ништо
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom