Добро, да образложам детално.
Идеш у земја кај што има поинаков менталитет и поинакви сфаќања. Разбирливо е дека треба да ги прифатиш, али тешко ти иде тоа, пошто потекнуваш од место кај што се збори "Европа е никаква, не попречуваат, глумат газди", мислам исти муабети ко у Македонија "Американц'те се криви, све треба тоа да се утепа, да живеј Ма'ч'донијата наша!". Идеш, тераш по твое, те казнуваат 20 утакмици и ти го уништуваат имиџот кој си го имал, цел свет те гледа како расист што секако ти се одразува на фамилијата а и на државата која ја претставуваш. Значи пред две години си бил национален херој на Светското, а тука те праат... да не речам што.
Океј... дали е крив или не, не е битно, битно он е у таква ситуација сеа. Доаѓа у можност да им се одмазди за тоа на луѓето кои го заебале (не играчите, збориме тие што се на повисоки позиции), а притоа да и обезбеди слава на татковината. Успева да го направи тоа. Не го праи лежерно, туку у мајсторски стил и им се моча на нив. Па нека го свират колку сакаат, он си го доби неговото, нека го банираат сеа три сезони ако сакаат, полош не можат да го напраат.
Друга работа, муабетот "Англија и онака нема да освои, нема што да се надеваат" ти е за нигде. Сезонава Ливерпул у август трпеше коментари како "Ако Ливерпул е фаворит за ПЛ, тогаш треба и Евертон и Саутемптон да ги броиме ко фаворити". И испадна дека Ливерпул стварно се бореше за титулата. Ако можеше тоа да се деси, зашто, во очите на Стиви Џи, Англија не би можела да освои светско? Даваат 100%, нема благе везе тоа дали можат или не можат, битно тој и сите играчи веруваат у тоа. Џерард не играше "за ништо", поготово кога ќе додадеш дека ова му се последни настапи.