СП 2014 Бразил - генерална дискусија

До сега најдобрите играчи според мене:

Очоа​

Орие (БСК) -------Маркез ----------Бруно Мартинс (ХОЛ)--------Родригез (ШВА)

--------------------------Херера (МЕКС)-------Пирло-----------------------

Робен-------------------------------------------------Алексис Санчез

----------------Милер--------------------Суарез--------------


Резерви:

---------------------------Браво-------------------------

Зунига-----------Тиаго Силва-------Јепес------Андре Гуардадо (МЕКС)

-------------------Диаз (Чиле)-------Санчез (КОЛ)------------------------

----------------------------Џејмс Родригез-------------------

----Кембел (К.Рика)------Тео Гутиерез (КОЛ)------Олич
 
Абе Очоа стварно има 6 прсти на едната рака или? Пошто глеам слики на нет, на едната има 6 прсти на десната рака, на друга 5 има. :D
 
Абе Очоа стварно има 6 прсти на едната рака или? Пошто глеам слики на нет, на едната има 6 прсти на десната рака, на друга 5 има. :D

И ја се истрчав на прво, али не, нема :D
 
Осум „проклетства“ кои кажуваат: Мексико ќе биде новиот светски шампион!


1. Ниту една европска селекција не триумфирала во Америка

- Во историјата на фудбалот досега се одржани седум Светски првенства на американскиот континент, а ниту еднаш до титулата на стигнала европска селекција. Во Уругвај во 1930 победи домашната селекција, а Уругвај славеше и 1950 година во Бразил. Бразил бил победник во 1962 година во Чиле, 1970 во Мексико и 1994 година во САД, а Аргентина триумфираше на СП 1978 на домашен терен и 1986 во Мексико.ЕЛИМИНИРАНИ СЕ ГЕНЕРАЛНО ЕВРОПЈАНИТЕ.

2. Никогаш не славела најдобрата селекција на ФИФА листата

- Никогаш во историјата не се случило да ја овои светската круна репрезентацијата која во тој момент е најдобра на ФИФА листата. Тоа не и успеа на Германија во 1994 година, на Бразил во 1998, 2006 и 2010 и на Франција во 2002 година. ШПАНИЈА ВЕЌЕ Е ЕЛИМИНИРАНА.

3. Не може да победи селекцијата со најдобар светски играч

- Никогаш до трофејот не стигнала селекцијата од која е во моментот најдобриот светски фудбалер според ФИФА. Во тоа не успеал ниту Еузебио во 1966 година, ниту Кројф во 1974 година, ниту Румениге во 1982 година, ниту Роналдо во 1998, па и Роналдињо 2006, и Меси 2010… Најдобар во моментов е Португалецот Кристијано Роналдо. ПА И ПОРТУГАЛИЈА ОТПАЃА!

4. Азијците и Африканците секогаш отпишани

- Во историјата на Мундијалите никогаш не се случило да стигне до титулата репрезентација од Азија, Австралија и Океанија, или Африка. ОТПАЃААТ КАМЕРУН, ГАНА, ЈАПОНИЈА, БСК, АВСТРАЛИЈА…

5. Актуелниот првак на Јужна Америка никогаш не бил и светски шампион

- Никогаш во 70-годишната историја не се случило актуелниот првак на Јужна Америка да дојде и до светската шампионска титула. А, актуелен шампион на Јужна Америка од 2011 година е Уругвај. ПА ЕЛИМИНИРАН Е И УРУГВАЈ!

6. Никогаш победникот на Купот на конфедерации не стигнал до трофеј на Мундијалот

- Никогаш во историјата и победникот на Купот на конфедерациите не успеал да го освои и Мундијалот. Тоа не им успеа на Бразилците ниту во 2010 во Јужноафриканската република, ниту во 2006 година во Германија, како и на Французите, на пример, во 2002 година. А, домаќинот Бразил е актуелен освојувач на Купот на конфедерациите. ЗНАЧИ, ОТПАЃА И БРАЗИЛ!

7. Никогаш светски шампион не дала земјата од која е Папата

- Од 1938 година, никогаш светски фудбалски шампион не дала земјата која во актуелниот момент имала Папа од своите редови. Токму тоа ги плаши Аргентинците, кои важат за една од најрелигиозните светски нации. Ниту Италија од 1938 до 1978 година, ниту Полјаците од 1978 до 2005 година, ниту Германците од 2005 до 2013 не стигнале до трофејот кога имале и Папа. Сега на чело на Ватикан е Аргентинецот Хорхе Марио Бергољо. И АРГЕНТИНА Е ЕЛИМИНИРАНА!

8. Никогаш не триумфирала селекција со селектор странец

- Кога веќе се елиминирани и трите најголеми јужноамерикански фаворити, Бразил, Аргентина и Уругвај, остануваат сега Чиле, Еквадор, Колумбија, САД, Костарика и Мексико во сериозната конкуренција за титулата. Но, никогаш во историјата на Мундијалите не триумфирала репрезентација која имала странец селектор на клупата. А, Чиле, Еквадор и Колумбија ги водат странски стручњаци, исто како и Германецот Јирген Клинсман селекцијата на САД и Колумбиецот Хорхе Луис Пинто кој ја води Костарика. А, само Мексико е со домашен селектор, Мигуел Херера. ШТО ЗНАЧИ,ЕЛИМИНИРАНИ СЕ ЧИЛЕ, ЕКВАДОР, КОЛУМБИЈА, САД И КОСТАРИКА.

ОСТАНУВА МЕКСИКО ДА БИДЕ НОВИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН!
http://ekipa.mk/osum-prolektstva-ko...uvaat-meksiko-ke-bide-noviot-svetski-shampion


 
7. Никогаш светски шампион не дала земјата од која е Папата

- Од 1938 година, никогаш светски фудбалски шампион не дала земјата која во актуелниот момент имала Папа од своите редови. Токму тоа ги плаши Аргентинците, кои важат за една од најрелигиозните светски нации. Ниту Италија од 1938 до 1978 година, ниту Полјаците од 1978 до 2005 година, ниту Германците од 2005 до 2013 не стигнале до трофејот кога имале и Папа. Сега на чело на Ватикан е Аргентинецот Хорхе Марио Бергољо. И АРГЕНТИНА Е ЕЛИМИНИРАНА!



Ова е најјако :D
 
Колку се лоши „фаворитиве“ досеа. Ама баш никој (освен можеби Франција) не победи уверливо. Да Германија тепаше 4-0, ама головите паднаа по мизерни грешки на одбраната на Португалија. Бразил, Холандија, Италија, Уругвај (од овие што играа 2 утакмици) слабо, Шпанија е веќе дома, а на пат кон тоа е и Англија. Но ако, баш ќе биде секси да освои „мала“ репрезентација. :D
 
Ова "Никогаш светски шампион не дала земјата од кај што е папата" го смислиле зашто не им текнувало начин како да ја елиминираат Аргентина.

Еве едно од мене

1. Никогаш светски шампион не станала земја каде што главно јадење е тортиља.

Кој останува?! Панама?:eek:

Ебате тоа новинарите прости.
 
:icon_lol:
10487190_10203457211065077_5960622167727443925_n.jpg
 
Ја као што знам Англија требаше да освои.
 
Ако Италија и Уругвај завршат со ист број на бодови и еднаква гол разлика кој ќе оди понатаму ? (под претпоставка дека Италија-Уругвај заврши Х)
 
Ако Италија и Уругвај завршат со ист број на бодови и еднаква гол разлика кој ќе оди понатаму ? (под претпоставка дека Италија-Уругвај заврши Х)
Тој што има помалце примено или повеќе дадено голови, не знам сеа на што даваат предност.
 
Ако Италија и Уругвај завршат со ист број на бодови и еднаква гол разлика кој ќе оди понатаму ? (под претпоставка дека Италија-Уругвај заврши Х)
Италија ќе иде даље ако изиграат нерешено,пошто имаат боља гол разлика
 
7. Никогаш светски шампион не дала земјата од која е Папата

ниту Полјаците од 1978 до 2005 година,

Ова е најјако :D
Иначе Полјаците да немаа Папа ќе растураа на светско.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom