Пошто гледам не одговараш или не ги ни гледаш приватните пораки, ќе те прашам овде па можда ќе добијам одговор...
Tе пратам подолго време на форумов и гледам дека доста се разбираш од половните коли. Претпоставувам тоа ти е и екстра бизнис,

ако носиш, увезуваш коли и продаваш тука. Би сакал да те прашам што би било паметно човек да земе за цена до 3500-4000 еур кола за семејни потреби. 2+1 членови

Знам дека од старо не може да се очекува којзнае што, меѓутоа потребите ми се скромни како и буџетот. Возам просек 5000 км годишно, што некој би рекол дека е малку, ама тие ми се потребите за сега, па и во наредните 3-5 год.
Се размислував за некое мало градско од типот на гранде пунто, корса од 2007-ма да речеме. Исто убаво ми е и пежо 207. Ако километражата наведува на тоа дека малку возам, ваљда во предвид би дошла бензин варијанта, па може да се бара нешто поново и со помалку км. Тоа е мислам најважниот критериум за купување половна кола, нели?

Имам моментално голф 4 1.9тди 90КС од 98-ма и го имам 6 год без 3 месеци. На почеток кога ја зедов сменив ребраст, затегачите мислам сменија ама не сите, наводно добри биле, водна пумпа, некоја манжетна, сензор за абс итн..од тогаш само редовно масло и филтри на 2 год и некои поситни поправки. Генерално сум задоволен, потрошњата и регистрацијата се најголема предност, тоа сигурен сум ти е познато за овие коли

. Само што немам клима тоа ме кочи малце и што колата влегува во 20-та година па мора да се мисли на иднината јбг...иако ретко кој модел да изгледа така силно, издржливо и по 20 год. Имам чувство дека со добро одржување ќе тера уште 10 год

.
Онака по кеф ми се астрите Х да речам и последно исто гледам и мерива, заради практичноста и просторноста внатре и во гепек.
Чекам твоја про анализа