Постојат бројни различни марки на CD-дискови кои можат да се употребат за снимање на песни (јас најчесто во мојот автомобил ги користам од Princo со 700 Mb капацитет во Audio format). Точно е тоа дека треба да се снимаат на помала брзина, но тоа на што треба да обрнеш посебно внимание е дали радиото поддржува MP3 формат, ако не, треба да ги снимаш во форматот Audio или Audio format - во зависност од тоа што ти прикажува како опции на програмата која ја користиш за снимање на PC-компјутерот. А како пожелна брзина за снимање би Ви препорачал некаде околу 4х или 8х ако не и помала, бидејќи јас ги снимам со оваа брзина и ми ги вчитува и емитува без никаков проблем. Секако, ова може да биде само како едно од можните решенија!
p.s. Добро би било, доколку ги знаете марката и моделот, да ги постирате на форумов за да може подетално да се разгледаат можностите за изнаоѓање на дополнителни решенија.