Податоците за потрошувачката на тој сајт ги јавуваат самите возачи - значи за овој модел би било околу 8,5 литри, но во зависност како го возиш можеби би било и помалку (на пример, Германците летаат по аутобанот, тоа ја зголемува потрошуваката, кај нас ризикуваш дебела казна за над 130; понатаму градска или отворен пат итн...). За царина нека каже некој друг; јас колку што знам е 10% од каталошка вредност на автомобилот. Нов ваков веројатно бил негде меѓу 60 и 70 илјади, а на колку би бил проценет сега појма немам - можеби 25-30 илјади максимум, или пак нешто помалку? Сепак е 8 години стар.
ПС. Регистрација без каско веројатно околу 18000 би ти дошла.