Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
@Fringe, @Cruise

Ова е ценовникот за осигурување при регистрација:

39BB323E5C493447A0E360D514B28753.jpg

Цените можеби варираат кај различни осиг. куќи, но не би требало да има којзнае колкава разлика. Цените за технички преглед ги има овде: http://amdstip.com.mk/index.php/2012-03-18-20-41-20/2012-03-23-23-04-30

Нам за Пасатот 1.9ТДИ, 81кВ, ни излегува отприлика толку, 12-13000.

Пунто со 1.2 бензински мотор веројатно спаѓа во категоријата 55-66кВ.

Пунтото со 1.2 мотор е послабо од 55-66 киловати.Ако не е чепкано,стандардните модели се 44 киловати=60 коњини.Јас сум во таа 66 до 84.И мене ме кошта 12.000-13.000 денари
 
А јас баш минатата недела регистрирав за Даеву Нексија за 7550 денари ,иако имам Ауди А4 1.9 и за него регистрирав денеска 14 320 денари :D
 
Ве молам за помош.. најдов едно многу убаво Рено 4 ГТЛ, нерегистрирано, моментално е паркирано кај мене пред зграда, видов дека има поминато 28 000 км. Но кај Рено 4 ГТЛ има 6 цифри, значи дали е можно да има поминато само толку малку, или пак има поминато преку 999 999км, па се рестартирало и дошло до 28 000 км? Еве слика како изгледа саатот на рено 4 гтл
renault4-historia-3.jpg

Вака сега...
Ево 12-ка убаво ти кажа погоре, а јас само ќе додадам нешто..
Кола со 28000 км ќе има прекрасно зачуван ентериер во смисла седиштата не се пропаднати, тапацирунзи на врати здрави, релативно испрашени, гумите на педалите читави, прекинувачите скоро како нови, воланот како нов...
Инаку на Veglia Borletti таблите како на сликата (кои ги има на Р4 ГТЛ, Р5 Кампус) е релативно лесно да се врати километража. Како, не кажувам :)
Ти реков еднаш дека овие возила носат мотор од серијата Cleon, конкретно кај Р4 ГТЛ е 1108 кубика... со 33 коња. Тоа се мотори кои со убаво минерално масло одат до 200000 км. и тука некаде треба да се менат карики, летечи лагери и да се провери убаво главата и ќе вози уште толку. Дома имам таков мотор во Р5 Кампус и има околу 190000 км, а во својот живот видел се најлошо, и сега на старост добива убава нега, и сеуште оди добро, но за некои 10-15000 км ќе го отварам. Здравје... да не замарам сега со тоа.
И, ми текна една финта :)
Ако сакаш твоето ГТЛ да има 44 коња, ќе си најдеш глава од Р5 Кампус од 1108 кубика, сосе карбуратор, усисно-издувна грана и ќе ја монтираш на ГТЛ.
Блокот е ист, а силата се добива од различната глава и карбуратор.
Однадвор изгледаат исто, ако поклопецот на главата го оставиш од ГТЛ, бидејќи на ГТЛ капачката за масло е на средина, а на Кампусот е на крајот :)
 
Veglia Borletti се Фиатови табли.Се тураат во сите италијански автомобили и камиони.Инаку,дај кажи ја цаката за враќање,може ќе послужи за нешто.Имаш блакце во Ресана кога ќе дојдам.:)
 
Препорачајте ми некоја добра јапонска кола, значи да не е лимузина туку кратка да е (во стилот на Сеат Леон, Голф..). Со јапонскиве не сум запознаен многу. Да не е на ново. Половна до 2010 година.
 
Фала што ми објасни, инаку забележав дека е многу многу сочувано, дознав дека е купено од прв газда (овој сеа што го има е втор) и се е како ново. Има скапано само малку на хаубата и тоа едно мало топче. Воланот,седиштата, и се внатре е како ново.
Но дали е можно да има поминато само 28 иљади незнам, не верувам дека е враќана километражата, но можеби сајлата за одбројување е скината па затоа се закочило (?)
Сопственикот моментално не е во Скопје па неможам да го прашам. Затоа деновиве ќе го сликам и ќе ви го покажам да ми кажете што мислите. :)
 
Хонда Цивик
 
Veglia Borletti се Фиатови табли.Се тураат во сите италијански автомобили и камиони.Инаку,дај кажи ја цаката за враќање,може ќе послужи за нешто.Имаш блакце во Ресана кога ќе дојдам.:)

Ќе се зачудиш колку само возила носат Veglia Borletti. Посебно италијански и француски докај 90-тите...
Кај Рено 5 конкретно, има табли Veglia Borletti, VDO и Jaeger.
--- надополнето: 23 декември 2013 во 22:31 ---
Фала што ми објасни, инаку забележав дека е многу многу сочувано, дознав дека е купено од прв газда (овој сеа што го има е втор) и се е како ново. Има скапано само малку на хаубата и тоа едно мало топче. Воланот,седиштата, и се внатре е како ново.
Но дали е можно да има поминато само 28 иљади незнам, не верувам дека е враќана километражата, но можеби сајлата за одбројување е скината па затоа се закочило (?)
Сопственикот моментално не е во Скопје па неможам да го прашам. Затоа деновиве ќе го сликам и ќе ви го покажам да ми кажете што мислите. :)

Moже и сајла да е скината/откачена, ама внатрешноста кажува многу.
Нека има и 100000 пак е ОК.
Сликај па да видиме. Сликај внатрешност... седишта, тапацири... педали, волан, рачката на чадорот (менувачот), осети дали се седиштата тврди... такви работи... запали го извози го...
 
Ќе се зачудиш колку само возила носат Veglia Borletti. Посебно италијански и француски докај 90-тите...
Кај Рено 5 конкретно, има табли Veglia Borletti, VDO и Jaeger.
--- надополнето: 23 декември 2013 во 22:31 ---

Moже и сајла да е скината/откачена, ама внатрешноста кажува многу.
Нека има и 100000 пак е ОК.
Сликај па да видиме. Сликај внатрешност... седишта, тапацири... педали, волан, рачката на чадорот (менувачот), осети дали се седиштата тврди... такви работи... запали го извози го...

Џабе,може седишта турил од Алфа Ромео,рачки на мењач на битпазар има по 100 денари,омотот на воланот исто не е скап.Може има адитив турено,демек да работи подобро.Ќе го испушти старото масло,и ќе си ибе матер.Нека не ги фрла парите за џабе,само ај кеиф му било.Тапацири-мапацири ако му фаќа кефалото на газдата ќе си среди за 2 саата.Мој совет нека гледа само да не е пре пре скапано одоздоле,или буквално на цела кола
 
Зборувам за ОРИГИНАЛИ, а не за битпазарски мотика стајлинг глупости, или поправани тапацирунзи.
 
Дали некој знае каде можам да најдам лев брисач за BMW E34?
Обратен е брисачот, кај све не побарав нигде нема... само гумица можам да сменам, али за 2-3 месеца пак е крш :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom