Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Замисли да ти искочи пешак,куче или незнам што на партизанска, каде што сите возат со 50-60 ? Не е баш сеедно во таа ситуација дали твојата нова кола има АБС или не :) Сеедно, поентата на постот ми беше дека едноставно глупо е нова кола да нема АБС знаејќи дека мојата кола (стара добри 12 години) има ... :D
Edit: Доколку знаеш каде има,имаш линк од добро радивце за 4000-5000 пушти ми во пп :) Ми се заеба фабричкото и не ми се исплати да го правам :D

Живеам во Велес,партизанска кај мене нема.

http://www.dogsecurity.mk/index.php...y_id=3&option=com_virtuemart&Itemid=1&lang=mk
Сеа видов дека во ПП си пишал,јас па тука ти пратив,ова највеќе ми се бендисува и не е скапо,имаш до 4000 добри радивца.Гледај да има и за USB да ставиш.
Прво прашање е дали си ограничен со 7500евра или има место за доплата?
Еве мое мислење,бидејки 3 недели ги преорав сите салони за нови автомобили...
1.Фиат Пунто Ево 1.2 со опрема(значи клима,абс,централна брава,серво волан,цд,6 аир бег,ама со 3 врати)8250еврони
2.Шевролет Спарк 1.0 68кс(мотор и подвозје од Опел Корса)7100 евра со опрема(клима,серво,абс,6 аир баг,цд,централна брава)
3.Опел Корса 1.2 86кс со 3 врати и опрема-8150евра

Е сега прашање е дали можеш да доплатиш,или си врзан за таа сума.Јас би те посоветувал да отвориш очи и да не се леташ по увезените коли,туку да си побараш кола купена од МК со реална километража која можеш да ја провериш во секој сервис.....
--- надополнето: 14 април 2013 во 01:06 ---
Да се пофалиме малку......За сопругата ново кофте:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:....

Со здравје да го возите.
 
Како беше законот за почетници...

не смееш да возиш кола после 23 часот без придружба на лице со минимум 2 години искуство и 25+ години возраст?
точен одговор ми треба btw, не по старите закони :D
 
Како беше законот за почетници...

не смееш да возиш кола после 23 часот без придружба на лице со минимум 2 години искуство и 25+ години возраст?
точен одговор ми треба btw, не по старите закони :D

Да,и несмееш да возиш кола над 75 kw=100 коњини.
 
Возејќи на автопат на шофершајбна ми налета некој камен што го исфрли колата пред мене и се направи мала пукнатина, отприлика околу 1-1.5 сантиметар. Завчера се направи, ограничена е на тоа место, извозев уште скоро 900 километри откако се направи, не изгледа како да се шири (ако има некаква врска тоа). Може ли некако да се поправи тоа пошто е само една точка или мора цела шофершајбна да се менува?

Се прави нема ни да се познава(во НОВУС НА ПРВОМАЈСКА ПРАШАЈ) ама дали ќе ти се исплати да ја правиш,.[/quote]
 
Се прави нема ни да се познава(во НОВУС НА ПРВОМАЈСКА ПРАШАЈ) ама дали ќе ти се исплати да ја правиш,.
Зошто, скапо е многу?
Претпоставувам дека секако е помалце од нова шофершајбна, а не сакам така да стои. Фала ти, ќе се јавам или ќе одам утре да прашам па ќе пишам за некој ако има сличен проблем да си знае :)
 
Замисли да ти искочи пешак,куче или незнам што на партизанска, каде што сите возат со 50-60 ? Не е баш сеедно во таа ситуација дали твојата нова кола има АБС или не :) Сеедно, поентата на постот ми беше дека едноставно глупо е нова кола да нема АБС знаејќи дека мојата кола (стара добри 12 години) има ... :D
Edit: Доколку знаеш каде има,имаш линк од добро радивце за 4000-5000 пушти ми во пп :) Ми се заеба фабричкото и не ми се исплати да го правам :D

ЗЕЦ во Гтц, имаш JVC неколу модели од 4 - 6000 ден, за брат ми земавме таму убаво JVC плеерче со mp3, antishock, usb за околу 5 500 ден и го имаше осветлено во црвена, плава и жолта боја. Додуша ова беше пред некои 2 ипол години, сега сигурно имаат понови модели.
 
Ме удри елен и ми ја скрши маската за ретровизор од Форд Фиеста 2011.
Знае колку се движи маската за ретровизорот се друго е супер...
 
Како беше законот за почетници...

не смееш да возиш кола после 23 часот без придружба на лице со минимум 2 години искуство и 25+ години возраст?
точен одговор ми треба btw, не по старите закони :D
Исто така си возач почетник до 21 година без разлика колку год возиш.
 
Ајде кој може да ми помогне: Гледам Hyundai Accent 1.3 од 2005 година 150 000 км, за 2.500 евра дали некој има искуство со овој модел и што мисли дали се исплаќа да го купувам или не. Инаку е од прв газда со сервисна книшка и сервисирана во овластен сервис.
 
Зошто, скапо е многу?
Претпоставувам дека секако е помалце од нова шофершајбна, а не сакам така да стои. Фала ти, ќе се јавам или ќе одам утре да прашам па ќе пишам за некој ако има сличен проблем да си знае :)

Јас бев да прашам за едно возило значи напукнатина на предното стакло од околу 1,5см и ми побараа 2500 ден што и не ми фати око зошто најдов половно стакло за 3000ден се разбира здраво,
 
Здраво дечки ми требит помош, Имам опел корса 2003 год, прскачите за стакло престанаа да работат а и нешо вечерва ко ќе ја палам ми штракат 2-3 секунди и престанвит. Кај имат сервис во ова Скопјево да ми ја ѕирнет? :)
 
Јас ги носам нашите корси позади олимписки, беше на авто куќа официјален сервис сега е приватен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom