Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Троши многу 2500 кубика и една цистерна позади тебе не ќе е лошо.
Ако има пари за да ја земе(под услов да е нова) бензинот нема ни да го осети.
Блекбој, земај ако е на ново, ако е на старо "преслушај" го моторот, амортизерите и кочниците,( а и она што кажа Цитро)
 
Планирам да земам Golf IV дизел, кој е најдобар мотор, и од прилика колку се деловите за одржавање, пример колку е амортизер да мениш, лагер на тркало итн.

поздрав
 
Планирам да земам Golf IV дизел, кој е најдобар мотор, и од прилика колку се деловите за одржавање, пример колку е амортизер да мениш, лагер на тркало итн.
поздрав

Не се скапи за одржавање јас имам али бензин, амортизер од 50 евра на горе, мада на старно не би ти препорачал, освен ако е од твој човек т.с да ја знаеш колата, инаку половните Голфови во Гермнија и Италија и сл држави ти се извозени довозени т.с истрошени.Мој совет земи 4-ка со добра каросерија, стенгнета, со добра опрема батали машина, се наогаат машини од удрани коли во Германија со по поминати 40-50,000 и не коштат многу околу 7-800 евра дизелаши и плус тоа стојат на автомобилот можиш да ги слушниш како работат и сл. - Али треба да имаш човек за таа работа таму автомеханичар и сл пошто и овие по плацови со удрани коли се изитрија :)
 
Според мене Мондеото е подобра опција,има пежо мотор докажан,а вектрата во дизел верзија не се докажа,барем таа што ја возеше татко ми,службена ја купи од салон,секој месец е на сервис за различни дефекти,му се закочи сервото на автопат,и од тогаш не влезе во неа,види распрашај се повторно.Позз
 
Дека дизајнерот на КИА се угледал на дизајнот на СААБ, мислам дека баш јасно напишав. Инаку, еве ти уште малку оф-топик - според мене КИА Оптима е моментално најубавата лимузина во класата, ако ја изземеме Алфа 159.

Не е лоша, мада јас не би зел Kia и без пари да ми ја дадат.На работа имавме Kia C'eed 1.4 бензин овде на ново купена, и стварно дека ја возевме али нова кола на 1 и нешто илјади да и правиш ремонт стварно не ке е само до изгледот.
 
Ајде да видам ваше мислење
Мерцедес 190е 2.3 16в 1992 година 170кс косворд или Мерцедес ц200 цди 2.2 2001година 122кс
Двете имаат иста цена околу 5000-6000 евра од германија
 
Ајде да видам ваше мислење
Мерцедес 190е 2.3 16в 1992 година 170кс косворд или Мерцедес ц200 цди 2.2 2001година 122кс
Двете имаат иста цена околу 5000-6000 евра од германија
Првата има колекционерска вредност, втората има практична вредност.
 
Ајде да видам ваше мислење
Мерцедес 190е 2.3 16в 1992 година 170кс косворд или Мерцедес ц200 цди 2.2 2001година 122кс
Двете имаат иста цена околу 5000-6000 евра од германија


Mercedes Benz 190E 2.3-16V Cosworth - Класика мој избор, ако е постар модел.
Mercedes Benz C220 CDI - Одличен автомобил, добар изглед права фаца.
Прашањето е дали сакаш кола за да те видат што возиш или кола за ти да возиш.Мој избор Mercedes Benz 190e 2.3-16 Cosworth права класика само пази бензин е и троши многу, сум ја возел и има уникатна вожња со еден збор перфектен автомобил.Mercedes Benz C220 CDI исто сум возел, братучед ми има таков (Mercedes Benz C220 CDI W203) добар автомобил за дизел доста брз, али за кејф се знае Cosworth.
 
Јас сум љубител на постари автомобили ама во споредба на овие две хммм ....двете ги сакам!!!! xaxaaxax
 
дали имаш искуство од прва рака или онака си кажа колку да пополниш дома време?
да.. од искуство... пежо 307 хди кај нас со нашето гориво троши околу 8 градска а знаеше да иде и до 9 ама и до 7... 5.5 градска и отворена 4... со тој мотор малку утре... и на сон можда... остај ти нивните тестирања што не се реални... кога ке се забуцаш во градска гужва ке те видам и оној момент кога ти е успех во 3-та да ставиш дали ке троши 5 литри..
 
Ќе спомнеш ТСИ мотор на Фолксваген (или фирмите-ќерки) - е, се расипувала турбината на 20-30 илјади, сервисите биле полни Голфови со ТСИ мотори. А, тие мотори се вградуваат во стотици илјади возила продадени низ цел свет. КИА е постојано при врвот на сите истражувања на квалитет во последните години - е, требало ремонт после илјада и нешто километри. Што е ова, клетви да не им фрлаат на колите овде? До во`ата ли е, до ваздухо ли е?

Туку, да не сум пак оф-топик, не ја пропуштајте Top Gear оваа недела, ќе имаат специјален сегмент посветен на СААБ.
 
за настаро незнам за нов, на пежото(дизел 1,9) имам exidе 70А нема промашено палење зимава а во битола беше прилично поладно од другите градови, не е стар додуша лани го зедовме ама е доста снажен
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom