Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1537336
Мислење за колава?
Или да бегам од Форд?

Ми нудеа и мене оваква,од таксист што вози Велес-Штип-Велес,прв газда бил со 130.000 реални поминати,ја даваше за 2700 евра,ама нерегистрирана,со плин исто..
Еве го огласот
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1340581

Мој совет иди види ја,економично возило,и плус ново е..Ем плинче,ќе се изнавозиш..Јас да немав кола би гледал овакво нешто,сериозно.
 
Форд има поцинковани шасии со 12 години гаранција
Да да затоа на Фокус 3-4 години стар се јавува корозија. Инаку колата може е ок ама знаеш како викаат од Форд подалеку.
 
Ми личи на лажен оглас, инаку ќелавиот погреши тука. Ова е добра понуда.
Купи си ја ако е добра. Таман 11 литра плин во град а башка проблеми колку сакаш па нели е Форд.
 
Да да затоа на Фокус 3-4 години стар се јавува корозија. Инаку колата може е ок ама знаеш како викаат од Форд подалеку.
Приказни за мали деца, може да се јави на форд корозија после 3-4 години само ако колата е ударена и поцинкованиот слој е оштетен.

Толку се разбираш ти, само зејтини расправаш
 
Купи си ја ако е добра. Таман 11 литра плин во град а башка проблеми колку сакаш па нели е Форд.

Нема шанси 11 литра да троши низ град..1.25 кубика е..Од 8 не оди повеќе,и тоа ако го возиш агресивно..Сакаш да се кладиме?
 
Има ли голема разлика во звукот кај оние радиа што се само со усб? Дали е точно дека оние што имале и цд и усб ваделе поквалитетен звук ? И така сум тука, препорачајте ми некое радивце до кај 3-3500... :)
 
Се работи за Голф 4 ТДИ. На семафор на пример кога седам и кога колава е во мирување, на моменти се случува да засецка, неприродно работење. До што може да е? Mind you за автомобили сум комплетна аналфабета, не знам ни како да објаснам, ако треба додатни информации, кажете да пишам.
 
Мислиш ти паѓаат обртаите?Има варирање?Дизни може да се..Може перката ти уклучува за ладење,и кога исклучува ти се причинува како да менува звук..Опиши поубаво
 
Не, ништо не се дешава со обртаите, без проблем си мења брзини и си покачува/намалува брзина кога ќе треба, проблемот се јавува кога чекам на семафор и колава засецкува од нормалното работење. Како да придрмува, како кога ќе го отпушташ кумплунгот кога ќе фати да дрма ама не толку силно :) Не е константен проблемов, се јавува еднаш два пати на недела дена, јас мислев до горивото да не е, да не се погодило нечисто ама пак се јави проблемот.
 
Пробај по автопат да ,,издуваш" со голема брзина и после застани по семафори и види дали пак ќе прави оти мене ми мириса дека е истрошено филтер за гориво ? А дали кога на ладно моторот го палиш моторот без додавање со педала за гас и веднаш покачува обртања и после смирува ? Инаку на која бензиска точиш ?

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Важи, за ова со обртаиве да видам ќе ти кажам инаку на Лукоил во Влае (патот за накај Бардовци) .
 
Направи го така и јас на почетокот со аудито така направив со лукоил гориво и после празнење и ставив од макпетрол и подобро работи и не викам дека од лукоил гориво не чинат напротив ама од макпетрол е подобар и тоа пробај од макпетрол.

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Не, ништо не се дешава со обртаите, без проблем си мења брзини и си покачува/намалува брзина кога ќе треба, проблемот се јавува кога чекам на семафор и колава засецкува од нормалното работење. Како да придрмува, како кога ќе го отпушташ кумплунгот кога ќе фати да дрма ама не толку силно :) Не е константен проблемов, се јавува еднаш два пати на недела дена, јас мислев до горивото да не е, да не се погодило нечисто ама пак се јави проблемот.
Po napisanovo bi rekol so 95% sigurnost deka dvomasniot zamaec ispusta dusa.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom