Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Половен алтернатор е околу 2000-3000 денари зависи како ке го начекаш. Нов... појма немам, можеби 150-200 еврони. Што ке ти е?
епа кога ќе ја запалам колата,се губи снага на звучниците...т.е Басот.имам праиено муабет,ми имаат кажано дека може да е до алтернаторот,да си ја брка неговата работа(полнење на акумулаторот),ама да нема доволно струја до звучниците во овој случај...после друг пример.Ако додека работи колата,пуштам долго светло,или вентилаторот од парното,се менуваат вибрациите на моторот,шо значи се губи неговата снага поради недостаток на струја,поради шо сум уклучил потрошувачи,и го цедат алтернаторот.Затоа и прашав,за мојов случај,или појачало да се купи,шо ми е скапа варијанта,или појак алтернатор,незнам шо може друго да биде.Кажујте ако имате некое друго решение:jaj:
 
А да не имаш инфо за која цена може да се најде мотор, легално?
Btw, фала за претходниот одговор.
абе нема врска легално нелегално. број на мотор во сообраќајна стои во македонија и екс ју државите. Во западноевропските дозволи стои само број на шасија. Така да моторите се увезуваат, се монтираат во авто сервис, сопственикот ти издава фактура за монтиран мотор со број хххххххх на возилото со бр. на шасија ххххххххх (одиш на А-тест ако промениш кубикажа - ставиш појак или послаб мотор) одиш на технички со фактурата ти го впишуваат новиот број и толку е.

Ако имаш пријател со авто сервис може да ти издаде фактура за било кој мотор и легално да си го користиш.
 
абе нема врска легално нелегално. број на мотор во сообраќајна стои во македонија и екс ју државите. Во западноевропските дозволи стои само број на шасија...

Токму така!!! На запад моторот се третира како резервен дел. Ваков закон сега се донесе во Србија,а се надевам дек ќе дојде и кај нас
 
Да, ама кога прашав за од Германија (и тука биле слична цена) мотор таков 1000 евра, многу скапо, не е баш исплатлива инвестиција за таа година. А за 300-400 евра може, ама ако ми тропне на врата "некој", не се познаваме. Така барем ми објаснија за мотор на старо за тие пари никој не вадел од кола ако е здрав моторот. едино ако е крадена колата. А тоа влегува веќе во други води.
 
Која година ти е Астрата? Ако е моделот F

Opel_Astra_F.jpg

не зезај, такви астри за 1000 евра се наоѓаат цели на странски таблички... Па потоа имаш уште 1 кола за резерва, што ти фали менувај.
 
Гледам шифрата му е C14se 1996 година, а за цената да, неисплатливо е. Што викаш, земи си уште една, па менувај по потреба :)
 
Во колата имам радио кое пушта само касети. Е сега сакам да слушам МП3 музика ама неможам. Е сега имам чуено за оние емитери на радиобранови кое се приклучуват во запалката во колата (12v). За емитерот се повже МП3 плејер или УСБ и тој од него ги емитира песните во вид на радио бранови така да си ја најдете песната на радио. Има некој слушнато за вакво нешто кај нас?
 
Ги има на сите пазари, дури и продавници за компјутерски делови....Ефтини се, од 750 денари па се до 1200 (горе долу истите се).

Вака изгледа:

mp3fm1.gif

Прашај го некрофилија мислам дека тој продаваше вакви во мобиљарата.
 
Во колата имам радио кое пушта само касети. Е сега сакам да слушам МП3 музика ама неможам. Е сега имам чуено за оние емитери на радиобранови кое се приклучуват во запалката во колата (12v). За емитерот се повже МП3 плејер или УСБ и тој од него ги емитира песните во вид на радио бранови така да си ја најдете песната на радио. Има некој слушнато за вакво нешто кај нас?
Ако си од Скопје тркни до бит пазар таму имаат вакви ја земав со 4 гб за у кола, за цената не памтам баш ама околу 1000 ден. , зависи колку меморија сакаш у тоа... :smir:
 
Во колата имам радио кое пушта само касети. Е сега сакам да слушам МП3 музика ама неможам. Е сега имам чуено за оние емитери на радиобранови кое се приклучуват во запалката во колата (12v). За емитерот се повже МП3 плејер или УСБ и тој од него ги емитира песните во вид на радио бранови така да си ја најдете песната на радио. Има некој слушнато за вакво нешто кај нас?

Имаш и во еми медиа продавницине мали за цедиња и опрема ... подобро купи од продавница колку толку посигурно од пазарче е ... мада исти чајна се сите :kesa:
 
Се викаат FM трансмитери. од 600 па нагоре имаш.

И ја планирам да си зеам такво. Нема потреба у него да има меморија. Може да има и усв. Така да само штекаш усб и сите песни си ги препознава, и ги префрла на радио фреквенцијата.
 
Јас пробав вакво ама некако не бев задоволен имаше шуштење го прашав и другарот што ми го даде вика малку шушти ама јас неможам да го трпам тоа ме нервира...боље радио ке си слушам.
 
Јас пробав вакво ама некако не бев задоволен имаше шуштење го прашав и другарот што ми го даде вика малку шушти ама јас неможам да го трпам тоа ме нервира...боље радио ке си слушам.

За да нема шуштење треба да најдеш некој „празен“ банд во радио-спектарот, што во урбани средини и не е така лесно. Јас мојот мп3 радио-трансмитер го наместив на 107MHz и многу ретко се појавува некое шумче.

Имајте, исто така, на ум дека тој уред е право-правцато FM трансмитерче, заедно со сите потенцијални заебанции кои ги носи фреквентната модулација. Имено, на самиот уред има подесување на гласноста, кај мене е од 0 до 15. Доколку уредчето се намести на најгласно и сакаш од самото радио да стишуваш, ништо чудно да се појават разни модулациски артефакти во звукот („прдење“ и слично). Затоа - никако на најгласно. Стави го на, да речеме, 10 и после појачувај од радиото колку сакаш. Звукот ќе биде многу подобар.
 
другар имаше од овие, не беше задоволен баш. имаше шумови и прекини чат-пат. а не беше тоа дека слушаше најгласно или нешто така.
мада, за таа цена, таа опција вреди! ваква или таква, вреди!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom