Совет околу купување Mazda MX5 miata (nb)

  • Креатор на темата Креатор на темата vlatcevs
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 октомври 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Возраст
39
Во план сум да купам автомобилче Mazda MX5 познато и како Miata втората изведба со годиште од 2004та па нагоре. Ме интересира совети што може да споделите за иден сопстевеник на ваков автомобил, линкови од можни автомобили за купување кај нас или од соседство.
Ме интересира потрошувачка, сервис, куповна цена, на што да се внимава при купување.

фала однапред :-)
 
Ова е женска кола, модел за жена
 
Брат предумисли се додека е со време не лупај пари за џабе , според никот претпоставувам дека не си жена а ќе си земам слобода и да претпоставам дека не си геј . Доколку сум во право ти препорачувам RX - 8 за 5.000 - 8.000 евра можам да ти земам супер очувана 2005 година , контактирај ме доколку си заинтересиран.
 
Не е нешо добра колава. Но во Србија е многу купувана. Иначе точно, женска е. Но изборот е твој, избери си како што мислиш дека е најдобро. Купи си мазда 4 ако ме прашуваш мене.

Мазда 4:
mazda_3.jpg
 
Mat Watson од британскиот Carbuyer вели дека MX-5 е најзабавна кола која можеш да ја имаш за тие пари.
 
Во план сум да купам автомобилче Mazda MX5 познато и како Miata втората изведба со годиште од 2004та па нагоре. Ме интересира совети што може да споделите за иден сопстевеник на ваков автомобил, линкови од можни автомобили за купување кај нас или од соседство.
Ме интересира потрошувачка, сервис, куповна цена, на што да се внимава при купување.

фала однапред :)
О божеее што видовте женско во колава?
типичен двосед кабриолет, исто како баргета, z3 итн итн

Мене ми прави мерак, ја имаше другарче сива ваква со кафена кожа, фраеско количе е нема што
само двосед мало е, да имаш една класична кола а ова да ти е за фраер look тогаш земај ја

иначе која цена отприлика и кое годиште идат?

Mazda-MX-5-Convertable-1.jpg


Mazda_mx5_40-1024.jpg
 
Се изначитав глупости на темава. MX5 е најпродаваниот роудстер во светот со преку 900 000 продадени возила низ целиот свет. На второ место е Порше 911 со над 700 000 примероци.
Едно време бев затрескан во колава многу, и ден денес многу ми се допаѓа. Да имам пари би ја земал, и не би отварал тема воопшто за да прашам другите што мислат. Ако тебе ти се допаѓа, доволно е да отвориш неколку сајтови наменети само за MX5 исто така и некои форуми само за тој модел и ке разбереш колку добра во секој поглед е колата.
Овие што пишуваат дека колата е за педери или за жени, тоа се само исфрустрирани деца, кои немаат поима која е колата, а да им помине пред нив ке се утепаат од гледање во неа. Кај нас имам видено 2-3, една од првата генерација 1990-1998, една од втората, и една од третата и најнова генерација. Ако зимаш од втората генерација глеј да биде со појакиот мотор 1.8 л, пошто добиваш поголема моќност а скоро иста потрошња со 1.6л мотор.
За сите вие што коментирате дека е гејска колата прво видете ја која е па после коментирајте, еве ви неколку слики од неа:
MX5-of-happiness20070206001935.jpg

charge-speed-mazda-mx-5-miata_2.jpg

Ејјј сега се потсетив колку само по цели денови читав за колава и гледав слики, многу ја сакам.
 
Се вртеше од човек на човек една црвена убаво здрвена па направена по Скопјево.
Едно време и жена ја возеше,ама каде се изгуби колата поима немам.
 
Се вртеше од човек на човек една црвена убаво здрвена па направена по Скопјево.
Едно време и жена ја возеше,ама каде се изгуби колата поима немам.
Ако е од првата генерација тогаш таа јас ја имам пробано, мој роднина од Ченто ја препродаваше пред едно 4 години, му ја даде таа девојката, на велешки регистрации беше тогаш. Брзо количе.Имам и некои слики од него, ке ги ставам ако ги најдам во компјутеров.
Да имам пари би купил такво од првата или од втората генерација, доколку е сочувано нормално, не по секоја цена, ама само доколку имам една фамилијарна кола, па оваа да ми дојде како втора за викенд да се забавувам со неа, пошто ова не е кола за секој ден, поготово ако се патува долги дестинации на прав досаден автопат со 3-4 ленти. Многу е бучна кабината, ако сакаш да слушаш музика ке треба да го појачаш системот бајаги, за да не сметаат звуците од надвор, а за да се загрее во зимо е исто така проблем, ради слабата изолација т.е платнениот кров. Исто така доста често сопственицитее на ова возило се жалат на протекување од платнениот кров. Најдобро е ако се купи со тврд кров (hard top). Третата генерација уште држат цена така да тоа нема шанси да се земе.
Еве ги најдов сликите. Откако се провозев во ова возило ептен го засакав.Многу е забавно за возење, така некако мало а убаво, ја гледам како еден вид играчка за возрасни.Возилово не е наменето за брза вожња,да се трка на драг трки со најдобрите туку за добра стабилност во кривини, бидејки има скоро совршен 50-50 распоред на тежина и многу ниска и лесна каросерија и тоа го прави многу забавно за возење. Секако и да се стисне на педала, ке влече доста солидно, но правата забава е кога ке се влезе во кривина малку поагрсивно.И уште еден факт кој мене многу ми е важен... редок модел е кај нас, го нема многу по улиците, за разлика од запад, и секогаш привлекува погледи. Еден ден ден ке си купам MX5-ка ама стрикно црвена,по можност втора генерација со 1.8л мотор со 140 коња, па што сака нека биде.
 

Attachments

  • Picture 063.jpg
    Picture 063.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 26
  • Picture 064.jpg
    Picture 064.jpg
    1,2 MB · Прегледи: 25
Брат предумисли се додека е со време не лупај пари за џабе , според никот претпоставувам дека не си жена а ќе си земам слобода и да претпоставам дека не си геј . Доколку сум во право ти препорачувам RX - 8 за 5.000 - 8.000 евра можам да ти земам супер очувана 2005 година , контактирај ме доколку си заинтересиран.

Мој совет е подалеку од Mazda RX - 8. Ротациониот (Wankel) мотор кој ја погонува покрај одличните перформанси (1300 кубика и 192/231 коњска сила) носи и многу негативности : огромна потрошувачка (над 15 литри во град), моторот си бара посебно одржување , и не смее да се третира како типичен цилиндрично-клипен мотор (кога купуваш на старо ова ти е мачка во торба), дополнително побрзо се абат деловите поради неговиот начин на работа и животниот век тешко дека ќе му надмине 200 000 км без комплетен ремонт. И за крај проблем ќе биде со достапност и цена на делови. Подобар избор се Мазда МХ-5 и Тоyota Celica. Поздрав
 
Фала на сите за одговорите :-)
Дефинитивно се сложувам со darmon не очекував повеќето од луѓево да излезат со предрасуда дека Mazda MX5 e женска кола, но тоа е иако сите имаме интернет не сите ги гледаме истите информации.

Деновиве прочитав голем број информации во врска со овој автомобил, и искрено во сите reviews и guides се напоменува дека колата е супер издржлива.

Искрено се надевам дека од втората генерација ке успеам да најдам добра зделка, за овој модел кои би имал и hard top во зделката :-)

Кај нас гледав по интернет страните за огласи, ама нема некој избор на луѓе да продаваат, на бугарските авто огласувачи има неколку интересни модели кои вредат да се проверат. Што мислите на што треба да се внимава најмногу кај моделите од втората генерација кога се купува на старо?
 
Тешко да најдеш некој совет за МХ5 кај нас - едноставно ја нема таа кола овде толку. Јас досега имам видено вкупно една, во Скопје. Подобро побарај на некој странски форум.
 
Најдобрата кола што сум ја возел (занемари го аватарот, возам и коли :) ), јас ја имав NA, ама не верувам дека следната генерација е полоша :) п.с. единствен проблем ми беше потрошњата, троши брат... МНОГУ

7522_1225161551202_2537952_n.jpg


7522_1225161511201_7535292_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom