Се вртеше од човек на човек една црвена убаво здрвена па направена по Скопјево.
Едно време и жена ја возеше,ама каде се изгуби колата поима немам.
Ако е од првата генерација тогаш таа јас ја имам пробано, мој роднина од Ченто ја препродаваше пред едно 4 години, му ја даде таа девојката, на велешки регистрации беше тогаш. Брзо количе.Имам и некои слики од него, ке ги ставам ако ги најдам во компјутеров.
Да имам пари би купил такво од првата или од втората генерација, доколку е сочувано нормално, не по секоја цена, ама само доколку имам една фамилијарна кола, па оваа да ми дојде како втора за викенд да се забавувам со неа, пошто ова не е кола за секој ден, поготово ако се патува долги дестинации на прав досаден автопат со 3-4 ленти. Многу е бучна кабината, ако сакаш да слушаш музика ке треба да го појачаш системот бајаги, за да не сметаат звуците од надвор, а за да се загрее во зимо е исто така проблем, ради слабата изолација т.е платнениот кров. Исто така доста често сопственицитее на ова возило се жалат на протекување од платнениот кров. Најдобро е ако се купи со тврд кров (hard top). Третата генерација уште држат цена така да тоа нема шанси да се земе.
Еве ги најдов сликите. Откако се провозев во ова возило ептен го засакав.Многу е забавно за возење, така некако мало а убаво, ја гледам како еден вид играчка за возрасни.Возилово не е наменето за брза вожња,да се трка на драг трки со најдобрите туку за добра стабилност во кривини, бидејки има скоро совршен 50-50 распоред на тежина и многу ниска и лесна каросерија и тоа го прави многу забавно за возење. Секако и да се стисне на педала, ке влече доста солидно, но правата забава е кога ке се влезе во кривина малку поагрсивно.И уште еден факт кој мене многу ми е важен... редок модел е кај нас, го нема многу по улиците, за разлика од запад, и секогаш привлекува погледи. Еден ден ден ке си купам MX5-ка ама стрикно црвена,по можност втора генерација со 1.8л мотор со 140 коња, па што сака нека биде.