Сообраќајни прекршоци и казни

Дали може да извадам меѓународна возачка дозвола со положено (активна возачка) од јануари 2008? Има некакво ограничување во врска со искуството? На ова визит картава (т.н. нова возачка дозвола) пишува и на латиница, ама таа важи само во Македонија, нели?
Мегународна возачка дозвола можеш да извадиш без никакво искуство.Другар извади недела дена после добивање на дозвола и после со мегународната возеше низ пола европа безз проблем.
 
Колку што можев барав ама не најдов да има поставено вакво прашање. Дали покрај прва помош, противпожарен апарат, сијалички, триаголник и флуоросцентно елече треба да имам уште нешто за приказ на полиција што не е наведено погоре? И доколку ме фати полиција од 23 до 05 часот без придружба колку пари е казна и дали место казна може негативни во возачка книшка? Фала ви однапред
 
Kazna e 400 evra, mislam deka nemoze negativni mesto kazna..
 
Точно, казната е 400 евра и не може замена за негативни поени. Ако ја платиш во рок од 7 дена, тогаш ќе платиш 200 евра. А не дај боже да те фатат и со кола над 75kw моќност...
 
Една интересна работа. Пред неколку дена го читав законот за сообраќај и никаде не стои дека возачката можи трајно да биди одземена. За потешките прекршоци, како што е возење под дејство на алкохол, после 23:00 без придружба, над 50 км/ч од дозволеното... итн. стои во законот дека можи возачката да се одземи привремено на 3-12 месеци, покрај предвидената парична казна.
 
А кој рече дека ќе ти ја одземат трајно? Полицаецот има право да ти ја одземе привремено возачката дозвола, тој одлучува дали ќе го направи тоа и на колку долг период ќе ти ја одземе.
 
Ako se pokrene krivicna postapka, sudot moze da izrece kazna zabrana za upravuvanje na motorno vozilo za odreden period od vreme (1-10 g.) i moze da ja odzeme vozackata dozvola za toj period. Vozackata se cuva vo sudot.
 
А кој рече дека ќе ти ја одземат трајно? Полицаецот има право да ти ја одземе привремено возачката дозвола, тој одлучува дали ќе го направи тоа и на колку долг период ќе ти ја одземе.
Епа претходно имав слушано од луѓе дека за овој тип на прекршоци се одзема трајно дозволата и треба да се полага одново за добивање нова... булшит е, ама фала богу не било така.
 
Ако ти ја одземат возачката, немаш право да полагаш пак.

Полагање пак има кога ќе набуташ негативни на возачката, т.е. повеќе од 100 мислам.
 
Преѓеска еден таксист ме удри додека се враќаше во рикверц. Ја буквално бев застанат, а тој дали не ме виде или незнам што беше, застана, и таман помислив му текна да се поправи, тргна назад и удри во мојата десна предна страна. Му ја земав осигурителната полиса, дојде и полиција рече така најпаметно е да се направи, се ќе платило осигурувањето а и тој немало да мора казна да плаќа. Притоа мораше да признае дека е крив, иако на почеток несакаше.
Ме интересира, дали има услови да го тужам за претрпен стрес, и колку пари би можел да земам?
 
Неможеш да тужиш за стрес.
За друго...паметно си направил.
 
Ако ти ја одземат возачката, немаш право да полагаш пак.

Полагање пак има кога ќе набуташ негативни на возачката, т.е. повеќе од 100 мислам.

Член 379 од закон за безбедност на сообраќајот на патиштата:
-На возачот кој во последните три години постигнал 100 негативни бода за прекршоци, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече прекршочна санкција престанок на важење на возачката дозвола, под услови и на начин утврдени со закон.
 
Не знам каде да го поставам прашањево, ај тука. Колку пари е вадење на меѓународна возачка?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom