Преѓеска еден таксист ме удри додека се враќаше во рикверц. Ја буквално бев застанат, а тој дали не ме виде или незнам што беше, застана, и таман помислив му текна да се поправи, тргна назад и удри во мојата десна предна страна. Му ја земав осигурителната полиса, дојде и полиција рече така најпаметно е да се направи, се ќе платило осигурувањето а и тој немало да мора казна да плаќа. Притоа мораше да признае дека е крив, иако на почеток несакаше.
Ме интересира, дали има услови да го тужам за претрпен стрес, и колку пари би можел да земам?