Требаше поубаво испраќање да добие Боби. Беше многу битен лик за САМКРО и општо за целокупната приказна. Првиот пат коа ја гледав серијава читав критики низ нетот и една што ми падна у очи беше малце негативна, збореше за смртта на ликовите низ серијата и како тоа Курт Сатер ја копирал ГОТ со сите тие умирања на битни ликови.
Прво, СОА и ГОТ се поклопуваат само 2 сезони. Второ, воопшто не е тоа поентата на приказната.
Смртта на битните ликови беше всушност кршењето на духот на Џекс.
Опи, неговиот најдобар другар, Тара, љубовта на неговиот живот, Боби, некој кого го гледаше како втор татко чии совети и присуство беа од големо значење за Џекс, и на крај Џема, мајка му.
Да се вратам на смртта на Боби. Доста шокантна и скроз неочекувана. Опростувањето требаше да биде поемотивно, барем да имаше некоја песна која ќе беше впечатлива. Вака само Џема му збореше на лешот, Џекс си отиде додека овие уште од комбе го вадеа.
Цело време ми беше во сеќавање останато дека Џема го уби Ансер. Можеби така ќе беше подобро, по ферски некако. Џема и Ансер си имаа своја приказна.
Тоа е една од причините што Џекс никогаш не ми стана скроз најомилен лик. Другата е што го намести Тиг да го убијат. Првиот пат беше мастер план, ама вториот пат беше чиста намештаљка и пушање по вода. Сфаќам дека Џекс во себе секогаш сакаше да им се одмазди на Клеј и Тиг за ударот врз Опи и смртта на Дона ама тоа го решија и Џекс не смееше да предаде брат.
Чудно ми е како Тиг никогаш сериозно не се посомнева во дешавката. Премногу штуро беше оправдувањето на Џекс за стар волк како што е Трегер.
Најомилени ликови секогаш ми се Опи и Џибс. Нема боље карактери, другари, браќа, најчисти и најискрени. Без ниедна дамка. Чибс е војник ама Опи никако не ја заслужи судбината. Најгреота лик.
Дамка немаше ни Тиг рака на срце, тоа со Дона не беше негово а со друго и не згреши, ниту тасташе ниту играше двојна игра.
На Боби мора да му се замери глупоста со Луан и Ото по што се десија сите фрки со Тара.
Џус беше лабилен карактер, кукавица и пичка. Си заслужи све, коа е глуп.
Тара првиот пат ме нервираше некои моменти, сега од втора сум скроз на нејзина страна. Комплетно ја разбирам и поддржувам.
Пајни легенда.
Клеј Мороу е лик, карактер кој доби почит кај мене од второ гледање. Да не се разбереме погрешно, скроз сум против све што направи и тотално си го заслужи крајот.
Ама сите потези што ги влечеше му беа издржани, му ги разбирам и оправдувам до негде. Коа гледаш од негова перспектива испаѓа у право.
Иако клубот против него, сепак до крајот играше за нив, не ги остави на цедило и не им згреши. Не ги оштети поточно.
Џема е најгаден лик и најголем негативец. Централен лик у серијава. Има доста за пишување за неа, друг пат тоа.
Неро Падиља, мано
Само толку ќе кажам за него.