Солзите .. емотивна уцена - дали?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Девојките се секогаш спремни да заплачат. И најчесто го добиваат тоа шо го сакаат со лигавење. А ние машките не можеме да глеаме солзи и одма реагираме: Ајде Ајде не плачи...:)
Ахх бе...жени! Ко дугме да имаат за солзи...:)

Пост на место ..... :smir:
 
Гледам да се воздржам и не плачам пред други сепак солзите може да се контолираат и баш не ги разбирам многу многу оние дечковци кои го покажуваат тоа пред девојката.Тоа воопшто не ми е адекватно за машко.Ок е секој да плаче али многу е битно да го бира местото за тоа !
 
Девојките се секогаш спремни да заплачат. И најчесто го добиваат тоа шо го сакаат со лигавење. А ние машките не можеме да глеаме солзи и одма реагираме: Ајде Ајде не плачи...:)
Ахх бе...жени! Ко дугме да имаат за солзи...:)


Потполно се согласувам со постов...:salut:
 
Се согласувам со постов што се согласува со другиот пост.


Не е уцена. Едноставно, машките се алергични на патетики па би направиле се' да не се изложени на истите.
Еееj, уцена било. :)
 
Точно,делам исто мислење со њот.:back:
 
Може да се лажеме до утре, кој не доживела партнерот/партнерката да плаче пред него, може само да замислува дали се или не уцена солзите.

95% се уцена.

Само 5% се искрени.

Сакале Вие или не... :toe:
 
Плачка сум да.. но ретко кој дозволувам да ме види како цмизрам .. што значи најчесто се воздржувам. Се сложувам со тоа дека женските најчесто го злоупотребуваат тоа што машките не поднесуваат лигавење, па за инает плачат,корнат коси и слично, но сепак тоа не значи дека се сите такви ... некогаш навистина колку и да сакаш не можеш да се воздржиш.
 
Џабе е и да плачeш,па и да бидат искрени пак ке мисли партнерот дека лажеш само за да го задржиш.Порано бев плачка и тоа најголема на свет...Не сум можела да ја издржам болката иако тој,неговото височество мислел дека глумам само...а сега....сега пробувам да не плачам и издржувам некако...зошто кој и да е не заслужува да рониш солзи и да кубеш коси по него.А ако те сака нема да направи да плачеш.
 
Добро мене нешто друго ме интересира,колку од момциве реално биле сведоци на цмиздрење пред нив.Имам впечаток дека се помалку плачат жениве,у заблуда ли сум?Или сум само пристрасна?
Никогаш не би се понижила да заплачам пред некого,никогаш и не ми се случило.Ама па и никогаш не ми дошол нагона за плачење,али рака на срце плачев ко мала за прасето Гиле што го остави мајка му:pipi:
 
Жените плачат пред се' свесно, обично се прават тешки како членкава погоре за да кога ќе дојде да изглумат цмиздрење биде као некое вонвременско доживување, најсмешно е што после тоа обично продолжуваат да цмиздрат по навика.

Многу ретки се ситуациите кои навистина изнудуваат жал и солзи, меѓутоа жените најчесто плачат кога немаат друг излез и свесни се дека ја заебале работата, фатени во лага или последен очаен обид да изнудат нешто, тоа ти е налик на детска психологија кога мрмљаат неразбирливо, оставаат мрсуљаво-лигави траги на рамото и даваат нелогични одговори.
 
Никогаш не плачам намерно затоа што ја немам таа способност:pipi: Да ја имав можеби ќе ја искористев во некои ситуации зошто иако не знам да плачам намерно кога ќе заплачам знам дека ретко кое машко не паѓа на солзи. И најмногу ме нервира кога јас стварно ќе се расплачам поради некоја караница зошто ми е криво и кога веќе видел дека плачам почнал да се лигави у смисол љубави добро ,не сакав ,ај да не се караме и слично а пред тоа немал абер да ја прекине караницата,водел инает и се правел лут.
Сум доживеала машко да заплаче пред мене ама не зошто е мекуш туку зошто стварно му е криво или е повреден и тоа многу ме изненадило ,пријатно.Со тоа ми докажал колку му значам.
И да... солзите се еден вид на отварање на душата.:pipi:
 
Може да се лажеме до утре, кој не доживела партнерот/партнерката да плаче пред него, може само да замислува дали се или не уцена солзите.

95% се уцена.

Само 5% се искрени.

Сакале Вие или не... :toe:

Претера :)
 
Се изненадив бе од некои одговори,според машките женските кога плачат уценуваат со солзите а ако пак машките заплачат значи не уценуваат,хахаха.Абе имаме и ние чуства не сме од камен.Нема да се правиме дека е се во ред кога не е.Оние кои плачат не значи дека се пички туку значи дека имаат чуства и ги искажуваат.А што на пример ако јас некогаш заплачам пред машко (иако ми се има случено) или некој друг а солзите се искрени?што тогаш?или пак ке мислите дека лажеме?свашта...
Не велам дека женските не лажеме ама и машките знаат да подлажнат некогаш...никој не е светец/ица,никој не е совршен ФАКТ ама дека не плачиме некогаш искрено е тоа е малку глупо.Уцена било.Како да не.Не е тоа начин на задржување,не сакам да биде со мене од сожалување и да имам лажна надеж.
И ко што кажав и во претходниот пост.
Никој не заслужува да се плаче за него.Ама тогаш не сум мислела така :uvo:Сега кога се сетам ми се иде да се фрлам од балкон.
 
Уцена било, не било.. се изначитав. Зависно е од ситуацијата.
Ми се случило и сум билa сведок на уцена и искрен плач.
Искрено, јас лично не сум плачела за да добијам нешто. Емотивна сум, но обично сум изнаоѓала друг начин да го добијам посакуваното. Сум се лутела и сум била неподнослива, но не сум плачела.
Имав случка со искрен плач кога му раскинав на првиот дечко. Ме сакаше, го чувствував тоа, но покрај се му раскинав и во моментот кога му кажав не ме испушти од прегратка и заплака.. знаеше дека последен пат ќе има можност да ме почувствува во таа близина и дека всушност е готово. Јас решив така, многу ми падна жал бидејќи не очекував да заплаче, но еве тој денес ме пребродил, ме заборавил што се вика па никому ништо. Направив полесно за двајцата и престанавме да се гледаме по тоа за да не ни биде тешко.
Е сега за она уценување, имав другар кој имаше девојка помала од него и си имаше големи маки. Ја сакал, па престанал да ја сака.. не знам, битно секој пат кога се обидуваше да и раскине, таа го научи дека е слаб на нејзините солзи и секогаш плачеше. И секако, тој го одложуваше раскинувањето и си правеше потешко за себе и за неа. И така се влечеа 2 и пол години, во лице и кажуваше дека ја изневерува, а таа продолжуваше со плачење.. не можев да сфатам зошто го сакаше толку покрај себе кога престанал да ја сака.
Ако не е возвратено, is it worth it? :toe:
Како и да е, солзите би требало да бидат одраз на соодветната емотивна состојба, а дека цел женски род ги злоупотребува, поаѓајќи од себе - не е вистина.
 
Хммм Зависи од човекот но најчесто уцена.
Човекот како единка кога плаче најчесто тоа не сака да го сподели. Зошто? Тој е ранлив емотивно во тој момент и со самото тоа, сака да се заштити криејќи се што подалеку од јавноста. Многу многу ретко се случува ова во пратња на личноста која ја сакаме. И тогаш, баш не е на чисто работата. А тоа е дека се чувствуваме сигурно со неа, знаеме дека ќе ни помогне. И тоа е случај само кога личноста е индиректно поврзана со проблемот - само помагател, а не и самиот проблем. Да упростам - ако плаче некој пред својата љубов за да ја врати, 100% е манипулација. Истото важи и за плачење за изнудување услуга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom