Уцена било, не било.. се изначитав. Зависно е од ситуацијата.
Ми се случило и сум билa сведок на уцена и искрен плач.
Искрено, јас лично не сум плачела за да добијам нешто. Емотивна сум, но обично сум изнаоѓала друг начин да го добијам посакуваното. Сум се лутела и сум била неподнослива, но не сум плачела.
Имав случка со искрен плач кога му раскинав на првиот дечко. Ме сакаше, го чувствував тоа, но покрај се му раскинав и во моментот кога му кажав не ме испушти од прегратка и заплака.. знаеше дека последен пат ќе има можност да ме почувствува во таа близина и дека всушност е готово. Јас решив така, многу ми падна жал бидејќи не очекував да заплаче, но еве тој денес ме пребродил, ме заборавил што се вика па никому ништо. Направив полесно за двајцата и престанавме да се гледаме по тоа за да не ни биде тешко.
Е сега за она уценување, имав другар кој имаше девојка помала од него и си имаше големи маки. Ја сакал, па престанал да ја сака.. не знам, битно секој пат кога се обидуваше да и раскине, таа го научи дека е слаб на нејзините солзи и секогаш плачеше. И секако, тој го одложуваше раскинувањето и си правеше потешко за себе и за неа. И така се влечеа 2 и пол години, во лице и кажуваше дека ја изневерува, а таа продолжуваше со плачење.. не можев да сфатам зошто го сакаше толку покрај себе кога престанал да ја сака.
Ако не е возвратено, is it worth it?

Како и да е, солзите би требало да бидат одраз на соодветната емотивна состојба, а дека цел женски род ги злоупотребува, поаѓајќи од себе - не е вистина.