БРЕЈКИНГ ЊУС: ДОНЕВ ОСВОИ НОВА ТИТУЛА И ОДИ ВО ПЕНЗИЈА
Најуспешниот менаџер во Кајгана Светот денес соопшти дека оди во пензија веднаш по крајот на сезоната, откако во последното коло успеа да го искористи киксот на
@Клипче и да освои уште една лигашка титула, со што дополнително ја потврди својата доминантност.
"Веќе долго време размислував за ова и воопшто не беше лесна одлука. Но, сметам дека сега е вистинското време за да се повлечам, после четири години успешна кариера. Уживав во секој ден со своите фудбалери и среќен сум што имавме можност да ги освоиме сите трофеи. Сега оставам простор некој од останатите тренери да се покаже во вистинско светло, им посакувам среќа на сите."
Донев е најпопуларен по својата доминација со Реал Мадрид во Кајгана Светот, но исто така бележеше успеси и во останатите Кајгана лиги. Во својата кариера освои 23 трофеи, и тоа:
Засекогаш ќе остане запаметен како менаџерска легенда.