Soccer Manager (Kajgana Europa League)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Колку да е буџетот? (мил)

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Умтити за Вернер ?
Вернер многу позитивно ме изненади против тебе. Иако планирав да го продавам за пари, сепак можно е да остане, па дури и да добива шанса од време на време. Со Њукасл ќе му дадам 90 минути, очекувам голче или асистенција повторно. :P
 
Па дури може и поарно вака искрено да ти кажам. Но тоа не значи дека сум заборавил. :sneaky:
Па услуга ти направив бе. Ајде Модрич да го договориме сега, имам интересни играчи.
 
Вернер многу позитивно ме изненади против тебе. Иако планирав да го продавам за пари, сепак можно е да остане, па дури и да добива шанса од време на време. Со Њукасл ќе му дадам 90 минути, очекувам голче или асистенција повторно. :P

Лош ден имаше Тер Штеген..
 
Сто посто МанУтд6тоМесто му направил репорт на трансферот на Донев :D
 
Евертон го спрема тимот за следната сезона

mainMediaSize=0x425_type=image_publish=true__image.jpg

После извисувањето од Луис Суарез, менаџментот на Евертон последните денови од оваа сезона се реши да ги искористи за пополнување на најбитните дупки во тимот, со што од Карамелите уште отсега најавауваат борба за титулата во сезоната која ни претстои.

Најзвучното име кое пристигна на Гудисон Парк е Серхио "Кун" Агуеро, за кој во спротивен правец беше испратен Кевин Де Брујне и му беа доплатени 2 милиони на тимот на Свонси. Чемпионс за трансферот на Агуеро изјави: "Кун е можеби играч кој има често проблеми со повреди и затоа неможе да ја најде правата форма веќе подолг период. Но ете јас верувам, или барем се надевам, дека со неполни 29 години сеуште постои фудбал во него и дека го нема кажано последниот збор. Тој е докажан шампион, а токму тоа му треба на овој тим на Евертон, кој е решен да ја врати титулата на Гудисон."

Освен Агуеро нови засилувања на сините од Ливерпул се Лапорт, кој дојде за 21м и чија што вредност најверојатно ќе падне на 16 милиони за неколку дена и Стортман, кој што ќе го замени Бакајоко, на кого му истекува позајмицата од Вест Хем на крајот од оваа сезона. Освен тоа беше продаден Гонзало Гуедес за 11м во Вотфорд, а на негово место пристигна Сандро Рамирез за 6м, кој што само неколку часа по трансферот крена 1 рејтинг поен. Запрашан за трансферот на Суарез во Валенсија, Чемпионс одговори дека е разочаран од односот на некои негови колеги и дека не сака да коментира повеќе околу тоа.
 
Фабрегас и диер за погба?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom