Да , поготово за извршители на грозоморни убиства . Во печка на милион целзиуса , да не остане ни 2 грама прашина од нив.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мислам дека треба да постои смртна казна ете на пр. одма ќе кажам за убијците на децата на Смиљковско... За нив дури и смртна казна е малце. Такви луѓе што можеле и го направиле тоа никогаш нема ни да се покајат ни да сфатат што направиле. За нив, и таквите како нив треба да постои. Мислам дека така ќе се намали бројот на убиства над невини луѓе. Пошто вака знае и дека во затвор кога ќе ги стават ќе избегаат, или ќе им плати некој и немаат гајле.
Што име лошо во тоа да се испотаманат политичарите меѓусебно?Да во идеално општество или во развиено општество со развиен правен систем и долга традиција. Во Македонија со сегашна поставеност на работите никако, ке биде само ефикасно средство за политички реваншизам.
Ми ги зема зборовите од уста.Јас би избрал не, од проста причина што со смртна казна му го земаш она највредното на човекот, животот, но тоа е само миг и толку, тој го нема, стравот кај него не постои, мачнината исто, желбата и плановите како да се преживее утрото исто така.
Би играл на онаа варијанта, измачување и општо корисна работа за општеството, си тура асфалти на пекол температури, си копа во рудници и ред други работи кои би го исцрпиле до максимум. Некој ќе речи, зошто таа погана уста го јаде лебот на државата, но ја би рекол дека попрво лебот него ќе го изеде одошто тој него.