Извини, дали во демократско општество има поголем протест од пропаднат референдум и дебакл на истиот?
Во ова демократско општество, по пропаднат референдум се одеше на гласање во собрание каде што демократски беше усвоено. И покрај тоа народот си остана мирен, како да му одговара, или како да е нешто небитно.[DOUBLEPOST=1558590906][/DOUBLEPOST]
If the shoe fits…
Факт 1. Вемерофците не прифатија промена на името, имаат право да ве викаат северџани
Факт 2. Лично, Северџанија не ја чуствувам како држава, и не чуствувам патриотизам кон неа, затоа што тој протекторат, тој вазал, за мене представува синоним за морална деградација и понижување
Факт 3. Седесофците мора да го понесат крстот на предавството, на лагите и на фактот што станаа измеќари
Носи сам заклучоци
"Факт 1. Вемерофците не прифатија промена на името, имаат право да ве викаат северџани"
- Од вмровците 8 пратеници гласаа за договорот. Останатите не ни присуствуваа на седницата да гласат против.
- Вмровците не повикаа да се гласа против договорот, немаа јајца за тоа или пак им одговараше да помине договорот (сигурно не се толку наивни да сметаат дека со неисполнет цензус ќе сопре процесот, и покрај зборовите на Заев, Дескоска, дека ако нема цензус ќе се гласа во собрание, и сигурно вмровците не беа толку наивни да не претпостават дека нивните осуммина нема да гласаат за во собрание).
- Вмровците откога се изгласа договорот во собрание, и истиот се протна без потпис од претседателот, не организираа ниту еден протест, ниту ништо. Демек арно е, голема работа името се сменило. Ама затоа се организираа убаво за претседателските избори.
"Факт 2. Лично, Северџанија не ја чуствувам како држава, и не чуствувам патриотизам кон неа, затоа што тој протекторат, тој вазал, за мене представува синоним за морална деградација и понижување"
А користиш ли некои бенефиции од таа држава? Треба да се откажеш тогаш. А се побуни ли некаде кога се менуваше името?
"Факт 3. Седесофците мора да го понесат крстот на предавството, на лагите и на фактот што станаа измеќари"
Ова е точно и се согласувам со тебе, но зарем народот е патриотски настроен? Ниту на референдум излезе да гласа против, ниту на протест излезе кога сепак се менуваше името. Овој народ најмногу треба да го понесе крстот на предавството, затоа што не направи ништо да си го одбрани името.