Слободно време!

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Слободно време... Го имате ли воопшто? Колку слободно време ви преостанува во од еден просечен ден. Како го користите? Што правите во слободно време?

Еве јас на пример слободно време имам прилично бајаги.. кога сум прва смена на факултет до кај 1 саат сум на пример после целото време у принцип ми е слободно. Знам дома да седнам да свирам, ке гледам некој филм, ке отидам на кафе кај другар другарка, ке отидам до кај девојката, знам да се изнаспијам да се излежавам и триста други работи..

лето обично кога ке дојде не ми останува многу слободно време пошо ке си најдам чат пат некоја работа и од работа дома само гледам да фатам позиција за одмор и за спиење..

Ај да видам вие како гледате на ова...
 
Зависи од периодот... На пример периодов имам и премногу слободно време, па само спијам и шетам. Мислам дека кога имам повеќе обврски повеќе го ценам слободното време, па гледам да го искористам најубаво што можам, да се видам со сите што ми значат, за разлика од тоа кога имам премногу слободно време, па не правам ништо корисно и само се досадувам и обично секогаш кога сум имала слободно време на претек сум имала и повеќе негативна енергија, зашто од што немам што да правам, почнувам да си ја тупам главата со ситници, што е прилично глупава работа.

Има периоди кога не можам да спијам од што немам време, а не па за нешто друго, има периоди кога имам просечно нормално слободно време и имам и периоди како овој кога можам да извезувам слободно време. :)
 
Можам да кажам дека слободното време и го немам.Бидејки обврските за училиште се најнормални но покрај тоа што имам обврски во училиштето одам и на натпревари математика физика и шо уште не па така да имам мноогу задачи за решавање од кои не можам глава да дигнам а не пак да имам слободно време.Ама кога ке поминат натпреварите ке уживам...А инаку кога имам слободно време најчесто висам на нет и на кајганава ама и спортувам, шетам со другарките (оговараме а јас не памнам трачеви :pos2: )
 
Го трошам. На нет, акајќи низ град, за правење некои колажи, обетки од жици и живци :), чистам низ дома, готвење, гледање филмови со љубовта, кафиња и трач партии со другачки...
Читам најчесто, иако не е баш трошење време тоа.
Го имам доволно, во баланс со обврските.
 
Го имам особено периодов ко ќе сум прва смена нашколо,а ми требаат 2 саати одмор најмалку така да не ни одам :icon_lol:

Најчесто ќе се закачам на ТВ,си ја дочитувам книгана или пак по интернетов ќе почачкам.
 
Па не викам дека немам, и сама си стварам слободно време едноставно игнорирајќи некои од обврските :icon_lol: Ама па никогаш не знам ко што треба да го искористам, имам идеи што сакам да правам, ама ретко кога имам можност да го остварам тоа :девојче: Така, дремам на нет, шетам низ дома, досадувам на другите или едноставно спијам :)
 
Ретко имам слободно време, а кога го имам го користам за психички одмор.
Компјутерот, излегувањето, одењето на кафе... Тоа ми спаѓа во секојдневните рутини.
 
Слободно време, па се разбира компјутерот (сепак ми одзема нешто и од неслободното време :kesa:). Освен компјутерот поретко фудбал, на плејстејшн или во живо :)
 
Ретко имам слободно време, а кога го имам го користам за психички одмор.
Компјутерот, излегувањето, одењето на кафе... Тоа ми спаѓа во секојдневните рутини.

А што е слободно време?
Да немаш што да правиш и да зјапаш во таван?
Свашта.

Слободно време имам што помалку што повеќе зависи од периодот. Го користам за дремење на компјутер, кафирање и оговарање :), шопинг, шетање со Рикица, гледање серијалки и филмчиња :coffee:
 
Слободното време најчесто го користам за дремење пред компјутер или ТВ, понекогаш излегувам надвор со друштво, некогаш фудбал и то е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom