Слаб карактер

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја претварам во лутина.Секој со своите постапки.нема да бидам јас повредена,ќе бидат повредени оние кои попуштаат.И баш напротив..не сум ни со несигурни емоции ни со лизгави принципи.И никогаш не се однесувам еднаш вака еднаш така.Секогаш си стојам зад она што го мислам и зад она што го кажувам.
Сум ја заборавила и прескокнала темава.
Од она што го прелистав, си била контрадикторна на сама себе во неколку погоре дадени изјави со што автоматски се демантира фактот дека секогаш стоиш зад она што го кажуваш, никој не може да знае што всушност мислиш за да потврди дека стоиш зад истото.

Поентата и предходно ми била дека да и дадеш две улоги на една личност во тој одреден контекст е да бидеш деструктивно настроен кон нејзиното слабо постоење.
Нивната блага „неспособност“ треба да се гледа како место за градење и давање можност за дополнување на празнините, а не да бидат презирани затоа што се нашле по игра на судбината и својата предходно спомната мана во ситуација да бидат жртвите и „оние кои нервираат“.
 
Слабиот карактер мислам дека е и тесно поврзан и со слабата самодоверба..Затоа што луѓе кои не се уверени во самите себе,во своите способности,најчесто се каде што дува ветерот таму и тие,постојано се преубедувани за исти теми да веруваат на различни гледишта и така...Сепак слабата самодоверба,или пак исто така незнаењето и наивноста се причините за слабиот карактер на човекот..
 
Луѓе со слаб карактер може да се рече дека се оние кои сакаат да бидат перфектни во се и пред секоја задача, сакаат да бидат секаде и секогаш, да се согласуваат со сите и да немаат непријатели, а всушност се никогаш, никаде, со никој, бидејќи цело време се во потрага по сопственото јас... Тоа се наивни луѓе кои не влегуваат во расправии единствено затоа што се плашат дека нема да бидат во право, па дури иако се...тоа се луѓе кои се плашат од другите бидејќи не си веруваат себеси и сметаат дека секогаш другиот е попаметен и посилен од нив.
 
Слаб карактер...е веројатно нешто како мојот карактер.
Предолго, носена од суетата, прифаќав и одбивав разни нешта, без никаква емотивна инволвираност, приврзаност или верност.
Доволно беше момент, збор, слика, да поплукам нешто во кое претходно сум се колнела, и обратно.
Па како резултат од тоа, донесов пекол за другите околу мене, а и за себе.

Не, дека сега имам цврст карактер, ама барем сум свесна каков слабак бев/сум.
И се учам да го надминам тоа. Веројатно ќе паднам уште многу пати, и ќе повредам повторно, но барем ќе го имам сознанието дека слаб карактер, значи без карактер. А, такво нешто веќе не сакам да бидам. Не смеам да бидам.
 
Сметам дека луѓе со слаб карактер се луѓе кои лесно може да се манипулираат. Овие луѓе својот слаб карактер го поседуваат како последица на недостигот на самодоверба. Во поголем дел, тоа се луѓе кои од животот искусиле многу малку, па лесно може да прифатат нешто кое ќе им се послужи како принер.
Слабиот карактер е минлива промна во животот на секој човек.
Само разликата е кој кога ќе сфати дека треба да се промени. Нажалост, мал дел го сфаќаат тоа на време.
 
covek sto lesno popusta pred pritisocite od drugite e covek so slab karakter.lugeto so slab karakter se cuvstvitelni licnosti i lesno mozat da se povredat ili navredat i brzo se povlekuvaat.
 
Ооо добредојде на форумов немој да ми ги читаш постовите :icon_lol:.
На темава човек со слаб карактер е човек со помалку самодоверба од човек со посилен карактер. Карактерот е животно училиште се учи, тоа е начин на однесување, начин на комуницирање итн.
 
Личност со слаб карактер е онаа, што нема цврсти ставови, a тврди дека ги има. Лесно се премислува, не знае што сака, а кога знае не го тера до крај. Ваквиот човек е под постојани влијанија од околината и се моделира според туѓите желби и потреби како пластелин. Едно мисли, друго прави, трето зборува, четврто сонува... Наивна личност.
 
во злосторство и казна, за слаб карактер се смета оној кој не може да допринесе во развитокот на општеството. Но јас сметам дека слаб карактер е оној со кој може лесно да се манипулира, оној кој постапува па после размислува, и нема свое јасно ЈАС, односно се идентификува со другите околу него, се однесува како нив, зборува како нив па дури и се труди да размислува како нив
 
Мора да се напомене она на кое читајќи низ постовите гледам дека никој не го спомена.
Тоа е воспитувањето. Значи воспитувањето е многу битно, и доколку детето не е самостално тоа е зависно од родителите и не може да изгради свое Јас. Такви примери има, кога и по пубертетот човекот е слаб и тешко прифаќа предизвици бидејќи нема храброст да продолжи. Тој е неретко зависен од другите и се плаши од самиот себе, по што и своите ставови како што беше напоменато му се знак прашање.
 
Човек со слаб карактер според мене е оној кој нема свое јас, свој став. Човек кој не може да донесе одлука донесена од него, туку одлука формирана од различни мислења и совети од други. Едноставно човек кој може лесно да биде манипулиран од другите, со премало количество на самодоверба.
 
Човек кој константно е лабилен, нема сопствен став за нештата, без принципи, постојано потпаѓа под туѓо влијание, живее според тоа како му рекле другите и како „мора“ да биде.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Очигледна дефиниција за слаб карактер:
-Човек што нема свој став,подлегнува на туѓи влијанија...блаблабла.
Тоа е веќе јасно и мислам дека нема што да се дискутира на таа тема.
Поентата е,дали може да се исправи тој слаб карактер?
Дали човек може да добие на самодоверба?
Дали може да ги надмине туѓите влијанија,да зацврсти свој став и да застане на свои нозе?
Во глобала,дали може да му се помогне на човек за кој сме свесни дека има слаб карактер?
И да додадам,немањето став,не секогаш значи слаб карактер.
Понекогаш тоа значи и широкоумност и отвореност кон различни идеи,кои подоцна ќе доведат до креирањето на тој став.
 
Тоа е човек без сопствено јас, човек кој лесно ги менува своите ставови,човек кој може лесно да биде изманипулиран..........

човек кој лесно подпаѓа под туѓи влијанија и човек шо незнае шо сака шо нејке неможе да се одлучи.. да донесе поцврсти одлуки во животот... пример пушач... се откажал од пушење.. доаѓаат другари сите палат по една... зема и тој.. и утре си купуе кутија цигари...значи нема црврст карактер...или треба да бира меѓу 2 не многу битни работи.. пак се троуми 10 години... етц етц...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom