Се разбира дека може да има расистички ѓ.бриња како тебе.........сите како тебе треба да се изолираат во карантин и да се лечат со соодветна терапија....ја трујат околината...
Еве ти кој е расист:
Реакција на 42 невладини организации
Сити мол да им се извини на Ромите
Наредбата за отстранување на работниците-Роми од одделот за храна во трговскиот центар Скопје Сити мол претставува драстичен пример за расна и етничка дискриминација. Во Република Македонија се случи промоција на политиката на апартхејд, во која работните места и дел од просторот се забранети за припадници на ромската етничка заедница.
За 42 невладини организации потпишани на оваа реакција ваквото однесување е неприфатливо според Уставот и законите на Република Македонија и неприфатливо во едно мултикултурно општество како нашето.
Невладините организации бараат надлежните институции да реагираат соодветно, да ги лоцираат одговорните за овој чин и најстрого да ги казнат, бараат Сити мол јавно да се извини до сите Роми преку медиумите и казна за одговорните за овој инцидент.
Освен ова од Сити мол се бара на видливи места во целиот објект да бидат поставени лесно забележливи табли со текст: „Добредојдени се сите без оглед на расната, националната, верската, родовата и друга припадност.“
„Сè додека не се исполнат овие барања, ги повикуваме сите граѓани на бојкот на услугите и стоките кои можат да се купат во трговскиот центар Скопје сити мол. За да го свртиме вниманието на граѓаните кон овој проблем и за да го забрзаме исполнувањето на барањата, ќе бидеме присутни со соодветни активности пред објектот на трговскиот центар“, се вели во соопштението потпишано од:.АМАН,ОДРАЗ, Фондација Отворено општество – Македонија, Вратете насмевка, Вила Зора, Плоштад Слобода, Форум, Роса, Здружение Регионален центар за одржлив развој, Рубикон, Организација на жени во Струмица, Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар, Центар за меѓукултурен дијалог, Куманово, Флоренс Најтингејл, Детски парламент за Неготино и Демир Капија, Стрип центар на Македонија, Бирлик Јекипе, НВО „КХАМ“, Фондација за развој на локалната заедница, Ромско хуманитарно здружение на жени „Кхам“, Радика-Де, Национален совет за родова рамноправност, Младински образовен форум, Центар за одржлив развој на заедницата, Младинска Алијанса, ИДЕА Југоисточна Европа, Институт за човекови права, Коалиција за одржлив развој, Македонско здружение на млади правници, Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Банка за храна Македонија, Центар за образовна поддршка „Дендо вас“, Детски театарски центар, Инфо центар, Македонски центар за европско образование, Реактор – Истражување во акција, „Планетум“, Контрапункт, Коалиција сите за правично судење, Хера, ЕСЕ и здружението Помош за хендикепирани и сиромашни.