Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Се знае ли сега точната локација на Мајка Тереза ?
До Аце ли ке биде ?
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 15:13 ---
Мене не ми е јасно која е потребата од 32-метарски споменик кога веќе во центар на град Мајка Тереза има спомен куќа и споменик пред неа. Како тргнале овие како Богородица во Мексико што ја има во секој кварт така и Мајка Тереза планираат да ја има во секоја општина, некаде дури два пати на неколку метри одалеченост.
Кога е веке беспар...дај шта даш.....на подарен коњ забите не му се гледаат ,така велат !
 
Се знае ли сега точната локација на Мајка Тереза ?
До Аце ли ке биде ?

На место каде што порано беше Кенан чистачот/кожарот...ако е таму кај што мислам..нели беше он десно од фонтаната гледано од Камени? Ако стварно планираат таму да го лупнат нека се убијат со сабја у гз.
 
Солунски Атентатор не е баш така дај што даш. Веќе има постоечка локација каде и е дадено почит на Мајка Тереза нема потреба од нова глорификација на нејзиниот лик и дело, просторот на плоштад и концентрацијата на споменици од комедија веќе почнува да оди према трагедија. А и ми смета ликов што гради споменик, се прашувам дали можеби има изградено во Индија истиов лик таков споменик. Мислам дека го донесоа да инвестира за живи луѓе или грешка сум ?
 
Мајка Тереза била католички мисонер во Индија. Баш и нема врска со Македонската традиција, вера и култура. Дали трипати во животот ја спомнала Македонија откако заминала од овде. За таква личност доволно е и сегашното обележје, спомен куќа и еден помал споменик. Нема потреба да ја правиме најголема македонка оти не е тоа.

А естески би било катастрофа, имаме 30 метарски Александар, 30 метарски Филип, и сега уште 30 метарска тереза ни фали. И што ако е донација, утре турците ако посакаат да „донираат“ 30 метарски споменик на некој нивни султан, или пак бугарите да донираат 30 метарски Цар Борис. Ќе прифатиме ли се оти е донација?!
 
Солунски Атентатор не е баш така дај што даш. Веќе има постоечка локација каде и е дадено почит на Мајка Тереза нема потреба од нова глорификација на нејзиниот лик и дело, просторот на плоштад и концентрацијата на споменици од комедија веќе почнува да оди према трагедија. А и ми смета ликов што гради споменик, се прашувам дали можеби има изградено во Индија истиов лик таков споменик. Мислам дека го донесоа да инвестира за живи луѓе или грешка сум ?
Da imas pravo ,spomnaa nesto deka majka tereza mu ostavila amanet na indiecot da se grizi za narodot od zemjata od koja so poteknuva , i ne mi se veruva deka taa kako golema humanitarkai skromna zena koja zivotot go pominala nesebicno pomagajki im na luge so ne gi ni poznava i toa vo tuga zemja , mislela bas na toa da i se gradat spomenici tuku da se prodolzi so nejzinata rabota kako vo indija taka i kaj nas i nasekade vo svetot . e sea toj kako miliarder, kako svatil ostanuva da vidime, dali ke ostane samo na spomenikov, samo na zborovi ili i na dela
 
Не бе кои 83% , овие не знаат што е процент.

Еве имаш погоре ги собрав за сите месеци. (јан-ноември)

јан-ное 2012: 144.553
јан-ное 2011: 132.349

Што значи растот е за 9,22%




Ти зборувам само за Скопје цело време , не мешам други места.

Еве ти извор
http://www.stat.gov.mk/pdf/2013/8.1.13.01.pdf

Полесно ти е да веруваш дека сме имале раст од 83%.... 83%

Нагорен тренд туризмот има низ цел Балкан , не само во Скопје.

Еве Приштина за 9 месеци во 2012-та имаше 36.613 туристи.
А во истиот период во 2011-та имаа 24.426 туристи.

Тоа е раст од 49,89% .

Они немаат инвестирано 300 милиони евра, а сепак имаат раст.
Што значи дека тое е тренд низ цел Балкан.

Не е глупав пост , глупав е тој на вечер , со 83% раст.
Октомври и ноември , два месеца по ред имаме пад, вака не се враќаат инветирани пари.

Се враќаат , за 300 години.

Да ти кажам уште дека , во 2008ма имавме +14.500 туристи во споредба со 2007ма.
Имаше тогаш Скопје 2014 ? Ако не , тогаш зошто толкав раст , што ни сега после изградба на Скопје 2014 не можеме да го достигнеме.

Тогаш имавме 12% раст , а сега по се изгледа не повеќе од 10%.


2010 година / 2011 година број на странски туристи за цела Македонија (не само за Скопје)

Вкупно: 261.696 / 327.471

Грција: 26.843 / 45.509

Турција: 20.047 / 39.251

Холандија: 6.612 / 22.219


Овие три земји го понесуваат гласниот раст на туристи , најмногу Турција со +19.000 туристи.
Си ми ставил извор само од Ноември а ти си акнал податоци од 2 години без да ставиш извор од кај да знам дали се точни , стај извор да проверам не можам да гувам време да барам за да проверувам за секој податок што ќе го ставиш.
 
Си ми ставил извор само од Ноември а ти си акнал податоци од 2 години без да ставиш извор од кај да знам дали се точни , стај извор да проверам не можам да гувам време да барам за да проверувам за секој податок што ќе го ставиш.

Имаш на ДЗС бе Лион , треба тука 22 документи да ти закачам , потоа ти да ги најдеш во тоа и тоа страница , да ги собереш подаците ?

Еве повели ги имаш за сите месеци

http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=69&rbrObl=25

Колку си му чуден , не можеш да се снајдеш во ДЗС , иако покажуваш интерес за економијата. Или полесно ти е на готово да прочиташ кај Вечер и Сител. Со 83% раст :)
 
Имаш на ДЗС бе Лион , треба тука 22 документи да ти закачам , потоа ти да ги најдеш во тоа и тоа страница , да ги собереш подаците ?

Еве повели ги имаш за сите месеци

http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=69&rbrObl=25

Колку си му чуден , не можеш да се снајдеш во ДЗС , иако покажуваш интерес за економијата. Или полесно ти е на готово да прочиташ кај Вечер и Сител. Со 83% раст :)
Фала Доволен е линкот каде што ги има на куп сите. Ама не како тогаш си ми дал линк само од ноември и ми викаш еве ти извор а си ставил за 2 години податоци. Зошто работам нешто немам време за расфрлање да барам цело време извори затоа ти го напишав тоа. Кога ќе имам повеќе слободно време ќе ги разгледам и ќе напишам коментар. Што мислам за бројките и дали се совпаѓаат со тие ти што ги објави пред некој ден. Поздрав
 
Ај да се насмееме малце (некои од нас) :icon_mrgr:

- Зошто не е направена поштенска марка за проектов Скопје 2014?

- Затоа што луѓето нема да знаат на која страна да плукаат :icon_lol:
 
Има ли воопшто архитекти и уметници кои го подржуваат проектот Ск2014 во форумов?????
 
Шок: Што, на Вардар цела флота бродови ќе имаме?!

Градот Скопје изгледа нè проверува до колку знаеме да броиме. Од почеток беа сигурни дека до два сигурно знаеме, исто како што знаат и двегодишните деца, па ни поставија посериозни математички равенки. Ако бројката два за два месеци стане четири, колку ќе стане за шест месеци?
Пред околу четири месеци беа најавени два брода што ќе бидат поставени на реката Вардар, пред два месеци тие станаа четири, а сега слушаме дека станува всушност збор за шест брода. До крајот на март, веројатно ќе станат 8, а на денот кога дефинитивно ќе бидат сите пуштени во „промет“, некаде во мај, изгледа ќе броиме до десет. Прашање е само зошто „од прва“ не ни кажаа дека ќе имаме цела флота од десетина сплава, па ако испаднеа „само“ шест, ќе се израдувавме. И зошто не ни кажаа „од прва“ дека киријата што сопственикот на сплавот ќе му ја плаќа на град Скопје ќе биде во просек околу 60 евра, па кога ќе слушневме дека некои ги изнајмиле „дури“ за 600, малку ќе се потсмиревме.
И зошто не ни кажаа дека ќе се поставува една џиновска воденица во Вардар, како споменик на античките брашнари, за кога ќе слушневме дека тоа ќе биде всушност само еден брод, двојно поголем од другите, со кој ќе стопанисува ресторанот „Воденица“, сега можеби малку од малку и ќе ни олеснеше.
Патем, овој третиов брод наскоро ќе бил поставен до мостот Око. Останува да лебди (замисленото) наградно прашање за јавноста – дали во меѓувреме нема некој од Градот да се сети дека е глупаво да се има само едно Око, кога тие природно одат во пар. Исто како што ни пристигнуваат и информации за бродовите, дозирано, во пар, два по два.
 
Знам дека црквата од плоштад е преместена да се гради кај спомен куќата на мајка Тереза ,па ми интересира дали ке биде со истите димензии како што првично беше замислена ?Ако е со тиа димензии би било супер .
 
Дека само не се гради низ центар...

Нов плоштад во Влае, голем парк во Горно Лисиче

Во населбата Влае започна изведбата на нов плоштад, а во Горно Лисиче е најавена изградба на нов парк. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски денеска го постави камен – темелникот на идниот плоштад со површина од 6.500 метри квадратни, кој ќе биде лоциран веднаш до станбениот комплекс „Порта Влае“ [»мапа]. Градежните активности се очекува да завршат до средината на март, а од локалниот буџет за овој проект се издвоени 31.575.714 денари или околу половина милион евра. Изведувач на работите е фирмата „Сандра Инженеринг“, додека надзорот ќе го вршат „Елса Инженеринг“ и „Хидро градежен инженеринг“.






Архитектонското решение за плоштадот предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга, поплочени со гранитни плочки и изведба на кружна фонтана. Во функција на поубав амбиент јавниот простор ќе се облагороди со 10.000 цветни садници и ќе се постават 50 нови канделабри. Плоштадот ќе биде уреден со 60 клупи за седење, 20 корпи за отпадоци и три фонтани за пиење вода. На овој простор во иднина е планирано да се изгради и црква со површина од 130 метри квадратни.


park%20Gorno%20Lisice.jpg

Во ист ден, градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го претстави проектот за изведба на нов парк „Бановина“ во селото Горно Лисиче, лоциран во близина на улицата „Ѓорѓи Капчев“. Идното катче за граѓаните ќе се простира на површина од 6.500 метри квадратни, со тревна површина од 2.310 метри квадратни, езеро на две нивоа со пешачки мост и видиковец. Паркот ќе добие енергетски ефикасно осветлување и ќе биде ограден за да се заштити од несовесните граѓани. Тендерот за избор на градежната компанија за реализација на овој проект веќе е објавен.

build.mk
 
До сега некако можев да поминам на плоштад, покрај МЕПСО, преку камени мост до чаршија и да проголтам све тоа што е изградено, некои работи и ми се допаѓаат.
Ама после ова со `бродовиве` мене веќе ми е срам да поминам низ центар на Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom