Ски центрите во Македонија прескапи

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

Најавија снежен бран за нареднава недела :) ...


Иначе, ја како хејтер на зимата и се што е било како поврзано со снег,капа,шал и рукавици баш и не сум опфатен од ова скапотијава у ски-центрите али морам да приметам дека на доста луѓе им смета и дека би сакале да си исфураат недела дена у Маврово на пример. Сходно со тоа ја сочувствувам со вас луѓе. Тоа е исто ко мене некој да ми каже дека за да идам на море ми требаат кило евреи. :) Среќа па не е така.

Ја ви предлагам да разгледате по туристичкиве агенции кои што организираат нешто за Златибор,Копаоник,Боровец или слично па таму да идете. Ем ќе се фалите дека сте биле кај Ноле на пица, ем стварно ќе ви биде топ. А поисплатливо е една година да не отидеш у Маврово и да заштедиш некоја пара за наредната да идеш на Копаоник.

Секој со својот есап.
 
Абе какво Маврово не си ги фрлајте парите за нешто преценето и што невреди. Дојдете на Попова Шапка. Викендица за 50 евра на ноќ. Во неа може и до 6 а во некој и повеќе. Плус нема да плаќате за превоз до ски стазите се е тука. Незнам јас што е толкава фама за маврово. Или луѓево незнаат да скијаат или не биле на шапка. Кој е ПРАВ скијач знае.

Само уште да не паднеше дожд и да го стопеше снегот
 
Скапо е не се исплаќа,во Банско картата ти е 50 лева (1500 денари) ама ниеден наш ски центар не се споредува со Банско.
Маврово претеруват со цените,Кожуф уште патот не е направен неможеш ни да се качаш до горе,пред некоја година кога бев на Шапка ни ски лифтот не работеше сега незнам како е, да беа поефтини барем ќе ги посетував почесто но веќе 5-6 години по ред одам во Бугарија на скиење.
Банско е одлично кој е бил знае :smir:

Инаку има ли снег на Кожуф? Има ли можност да се качиш до горе со возило или слабо?:):)
 
Годинава пак скапо? :)

Гледав сега реклама за хотел Бистра во Маврово и се сетив на темава.
,,Ајде сите на скијање во Маврово, 7 дена за само 25 000 денари!"

:pos: Не знам дали да плачам или да се смејам.
Јес да е луксузен хотелот но тоа се 6 ноќевања, значи 70 евра ноќевање. А кај се скиите, кај е плаќањето за ски лифтот... Па за тие пари во Швајцарија и Австрија ќе отидеш како човек.

Крушево поскапо од Охрид летно време станал за новогодишниве празници.

На прсти доаѓа да ги изброиш луѓето кои можат да си го дозволат тој луксуз да одат на зимовање 7-10 дена.
Не е скапо Крушево воопшто.
"Монтана" секогаш си држела повисоки цени,а приватен смештај беше од 200 до 500 денари негде(зависи од собата).
Друго, по кафичине ич,ама баш ич не беше скапо. Јас дури и се зачудив од ценине.
Топло чоколадо :50 (Во Охрид е 90,без разлика дали е лето,есен,зима,пролет whatever).
Големо макијато: 30 (Oхрид е 60).
Дневна карта Крушево е 400 или 600 мислам за на станич.
да не фатам да зборвам за бижутерија колку е ефтино :pos:

За по другиве ски-центри на зима незнам,не сум била..ама сепак мислам дека Крушево се поминвит најефтино.
 
da da cenite se kako n aspen..ne se normalni ama zatoa i ke imaat tolku gosti...
 
Ништо ново инфраструктура стара цени високи па уште нема струја итн., единствена надеж гледам во Кожув, Маврово пропадна барем за мене сега се префрламе на Кожув.
 
Ништо ново инфраструктура стара цени високи па уште нема струја итн., единствена надеж гледам во Кожув, Маврово пропадна барем за мене сега се префрламе на Кожув.
Ela vo Bansko gospod da te vidi, jas sega od tuka pisuvam super e :)
 
Бад Клајнкирхајм. Австрија.
85 километри долга патека за алпско, исто толку долга патека за нордиско скијање.
32 лифта. Хотели со пристојни цени. Ски карти за еднонеделен престој - од 100 до 200 евра, во зависност од возраста.

Имате безвизен режим. Прошетајте, подобро е да се заштеди неколку месеци, отколку да им ги давате на нашиве преценети ски центри истите пари. Плус, ако го погодите периодот, може да начекате трка, светски куп. Last Minute понуди и попусти. Луксуз е, да, ама исто ќе поминете и таму и во Маврово.
 
Ela vo Bansko gospod da te vidi, jas sega od tuka pisuvam super e :)

Банско е страшна гужва не се стига ни до жичара. Има најдобра инфраструктура на балканов ама во последниве години се гради премногу и не се обврнува внимание на жичарите и со тоа доаѓа до загушување.
 
Банско со патеките од 70 километри мислам дека е најдобра опција годинава.
Споредба во цените за Банско и Маврово подобро и да не се прави.
Маврово е 27.000, седум дена а Банско има понуда во хотел со 4* 120 евра полупансион.
Али нормално, Банско е поефтино поради ова што се гради нели.
Сепак, како и да е, за Маврово цените се превисоки. Па уште и рекламата ко ќе ја слушна... ЗА САМО 27.000 ДЕНАРИ, 7 ДЕНА ВО МАВРОВО:tapp:
 
Јас во животов само еднаш се сеќавам дека сум била на повеќедневно зимовање. И тоа беше пред да го реновираат Радика во Маврово. Тогаш беше 800 - дневна карта. Наредната година веќе ја направија илјадарка и само еден ден отидовме.
Изминативе 2 години одиме преку викенд, т.е. сабајле во 6 и нешто тргнуваш од Скопје, на Шапка си за саат-саат и пол, скијаш додека не залади, кога ќе стане ладно(накај 4.30) седнуваш во кола се враќаш домче. И тоа се поради студентов дома што го имам па мора да учи додека јас имам распуст, и обратно.
Илјадарка е многу во споредба со тоа што можеш да го добиеш во другите ски-центри.
Кожув има многу добра стаза. Имам отидено само еднаш, тогаш сеуште се правеа стазите. Главната е ептен опасна, не одете ако сте почетници, од таа стаза со шината рака и потечено око се вратив. Буквално е вертикална. Инаку другите се супер. Не сум сигурна колку беше тогаш дневна, но мислам дека беше 600, бидејќи се правеа стазите уште. После тоа 800 беше дневна, ама таму да ја стават и 1500 пак ќе им одам, зошто стварно вреди. Инаку патот е направен, уште лани беше, ама без ланци, не ни помислувајте!
Шапка, стандард! 100 години се нема сменето нешто. Лани гледам нешто нова жичара пуштаа, ама за жал оваа година не отидов да проверам како е. Инаку мислам дека на Шапка највеќе се исплати. Ем нема многу гужва, ем можеш што сакаш да правиш и кога ќе паднеш да не се плашиш дека некој што е профи, ќе помине врз тебе и ќе те смачка.
Ама како и да е...касно ја гледам темава, заврши распустот...џабе ви кажувам.
 
Џабе се сите тие реклами слушам 1000 денари скијање се прашувам за што? Последниот пат кога бев стазата беше преполна со камења ништо ново не се гради едноставно жално.
Жал ми е што секоја сезона во државава поминува катастрофално нема човек каде да отиде, уште пострашно служавме неколку години по ред за Кожув дека се гради и дека прераснува во балкански центар конкурентет на Банско, Боровец и одеднаш слушам дека е затворен поради долгови итн... Едноставно катастрофа.
 
За тоа што се нуди цените се превисоки, од дури двете опции најдобра понуда е Шапка ако се земе во предвид цена + квалитет на ски патеки во однос на Маврово. Кожув ко што знам сезонава не работи, а Пелистер и Крушево со постоечката инфраструктура се све освен ски-центри :jaj:
 
Имаше најави дека Кожув ќе се отвори но не сум сигурен што се случи. Жално е што и оваа сезона полека поминува, а тоа што се инвестираше во истиот многу е веројатно и дека ќе биде отстрането поради долговите кои ги има ски центарот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom