Луси мојата љубов е неизмерна, да не беше аресана за друг со точакот се закревав кај тебе во маала.
После изгледаните филмови во автобусот од Хисар Туризам во претходната недела мислам дека тоа право на сопствено мислење, барем за филм треба да се регулира некако..

Што знам, мене серијата ме фасцинира на малку поинаков начин. Ова е прва серија која што отворено разговара за една табу тема смртта. Факт е дека сите умираат, но реално никогаш не сме размислувале што кога ќе се случи нешто такво на некој од нашите најблиски покрај нас. Како би се однесувале? Како би ја поднеле неговата загуба? Што понатаму? Серијава отвора многу прашања од таков аспект, што е навистина здрава работа за секој човек да се соочи со таквите сопствени стравови и рационално размисли.
Паралелно со тоа оди напнатата семејната драма на Фишерови, со извонредно комплексни ликови кои ги опиша Филип Македон во некои од претходните страници и навистина секс сцените во оваа серија не ми беа приоритет за гледање.
И да Бренда има добра цицка...