Синхронизација на македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Големи глупости е ова синхронизирањево, нека земат нека синхронизираат цртани за деца а не филмови, многу е подобро коа ги слушаш на нивни јазик... коа они глумат и доле си читаш превод, а не вака.
 
Јас мислев дека само овие од А1 се идиоти со оваа синхронизирањето, ама и тие од Сител биле исти. Сега засега само Канал 5 и Телма се држат достоинствено. Ако продолжат вака ке ги избришам и двата канали.
 
„Што правиш пред мојата чесната куќа проклетнику“:pos2::pos2:
 
Јас мислев дека само овие од А1 се идиоти со оваа синхронизирањето, ама и тие од Сител биле исти. Сега засега само Канал 5 и Телма се држат достоинствено. Ако продолжат вака ке ги избришам и двата канали.

Зашто Сител? Па Сител не дава синхронизирани глупости, тоа АМАНЕТ е во рамките на бекстејџ - исмевање на А1, ако мислеше на тоа
 
Чисти глупости. Тоа се прави во светот, ама овие се апсолутно изгубени па звучат:pos2::pos2::pos2:
 
Донекаде е и добра работа ова со синхронизацијата......имено кога се работи за шпанските серии..
.....дејствието во нив се одвива толку споро, снимани се во „соба’’ и главно цело време некој нешто дрдори, плаче или се смее......така да нужно и не мора да се гледа во телевизорот.....доволно е само да се следи „радио преносот’’ на серијата, ништо нема да биде пропуштено а и домакинките успат можат и некоја работа по дома да си завршат.:toe::helou:
 
Тоа не е модерно, домаќинките веќе научиле шпански од толку многу серии, нема потреба од синхронизирање на наш јазик :smir:
 
Требало „Ќе те одмаздам брате, жими мајка“ :)

Нели превод и адаптација...
 
Гадно, дебилно, одвратно, се надевам дека ќе решат повеќе да не синхронизираат затоа што синхронизацијава не е пропишана со никаков закон, туку е на своја волја на А1. Не се доловува ефектот на глумата, се губи целата смисла на серијата и приказната со ретардирани гадни аматерски гласови од А1
 
Зашто Сител? Па Сител не дава синхронизирани глупости, тоа АМАНЕТ е во рамките на бекстејџ - исмевање на А1, ако мислеше на тоа
Сега сватив дека е тоа пародија на бекстејџ, јас мислев дека и тие ке синхронизираат некоја серија.
 
На А1 случајно гледам дека го дават 101 далматинец со синхронизиран превод и тоа ме натера да пишувам на форумот за синхронизацијата. Мене лично не ми се допаѓа воопшто синхронизиран гласовен превод, се губи оригиналноста на филмот и воопшто не помага ваквиое превод. Мислам дека веднаш треба да ги укинат ваквите проекти.
 
Не знам каде прочитав (ако го најдам линкот ќе го постирам), дека во земјите
во кои има постојана синхронизација на филмови и серии, имало поголема неписменост меѓу населението и дека
бројот на прочитани зборови во минута е значително помал од земјите кај кои нема синхронизација во филмовите и сериите.
 
Логично е. Ако не друго веројатноста е поголема да се чита повеќе со несинхронизиран превод.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom