Добра тема. Макар што незнам за терминологијата...
Енивеј, ништо не може да го замени клубот за кој си навивал (фактички, на трибина, да те слушне секој) од мал, за кого си одел и по сонце и по дожд и по снег и невремиња, за кого си одел на гостувања во места каде што треба да ти фали нешто за да отидеш. за кого си се радувал и си плачел... Нема врска од кој ранг е клубот, дали е професионален или аматерски, дали е во прва или четврта лига. Клуб си е клуб, таму каде што си пораснал таму се приврзуваш. Таму каде што ја знаеш секоја педа од теренот и трибините и луѓето кои се заразени од истата болест од која страдаш.
Кога мојот Караорман се пласираше во полуфинале на Куп на Македонија, што е нормална работа за Работнички на пример ама реткост за нас, имаше луѓе кои допатуваа од Бугарија, Србија, и други држави, за да го гледаат натпреварот. Тоа се вика навивач. Некој кој поминал толку пат, ги оставил сите обврски, потрошил пари, за работа која на повеќето луѓе им е неважна и не можат никако да ја разберат. Дали јас ќе одам во Милано? Веројатно, ама не повеќе од еднаш-два пати.
Фудбалот се учи на стадион. За среќа, јас го зафтасав времето кога сеуште имаше фудбал. Времето на навивачките групи, ривалството, и време кога дури и во пониските лиги се играше некаков фудбал. Ако не сте биле никогаш на стадион, верувајте, многу малку знаете за фудбалот.
Но има и две други работи што треба да ги кажам:
1. Денешнава младина не е виновна што фудбалот пропадна. Дури и најверните навивачи ги напуштија стадионите. Не толку заради квалитетот. Сме гледале натпревари во региони во кои нема никаков квалитет. Ги напуштија затоа што се мести. Премногу и безобразно, толку очигледно што ти го навредува здравиот памет. Се местело од секогаш, ама ова никогаш не било.
2. Ние не навиваме за странски екипи затоа што фудбалот ни е толку пропаднат. Големите фудбалски екипи имаат фан-клубови на секаде по светов. Ако беше само до нас работава и ние сме таков народ, зошто тогаш Реал продаде стотици илјади дресови во Кина во првите 3 дена од доаѓањето на Бекам, и зошто се Манчестер и Ливерпул обожувани во Сингапур. Тоа е веќе глобална треска која ги има зафатено сите, а веќе се организираат настани како Супер Куп на Италија кој се игра во Пекинг, исто како што одамна НБА сезоната започнува во Азија.
И не е точно дека се навива за овие клубови затоа што не губат. Има на фан-клун Интер луѓе што чекале титула 15 години. Па не се откажале од Интер.
Кога сме тука, една од причините заради кои го сакам Интер, е тоа што се работи за клуб кој во далечната 1908, пред 100 години, се формираше со цел во него да играат луѓе од сите нации, клуб кој нема да ги дели луѓето на Италијани и странци, црни и бели... клуб кој се нарече Интернационале. Идеја далеку, далеку пред своето време, која денес е реалност.
8.40 - 8.50 Македонското знаме точно на центарот на Сан Сиро
9.06 - Ла Мачедониа!
Да резимирам: едно е чувството да се навива за својот клуб (од својот град) и да се оди на натпревари, друго е чувството да се навива на ТВ. Во тоа потполно се согласувам. За терминологијата, незнам.
Навивањето за странски клубови е глобален феномен. Нема врска со нас тука во Македонија и се случува и во држави во кои фудбалот е далеку понапред од нашиот. Веројатно се работи за некоја страст за врвен спорт, незнам... Како што имаме омилен боксер, тенисер, кошаркар, фудбалер... така имаме и омилени клубови. Тоа не значи дека не си ги сакаме нашите, барем не приметувам такви постови.
Повозрасните ја знаат разликата помеѓу навивање за домашен клуб и за странски. На помладите, оние кои не биле на стадион, им советувам да почнат, ако ништо друго, за да го почуствуваат фудбалот во живо, и да создадат чувство на припадност кон својот клуб.