Симпатизер или навивач?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Можам да се наречам навивач иако никогаш не сум стапнал во Англија а камоли на Олд Трафор во Мачестер..Но сепак од дома си го бодрам наомилениот клуб...
 
Можам да се наречам навивач иако никогаш не сум стапнал во Англија а камоли на Олд Трафор во Мачестер..Но сепак од дома си го бодрам наомилениот клуб...

Ако бодри си го... онака од када со Long island ice tea. :)
Makedonec pp напиша:
За ривалствата ФУДБАЛСКИ во МАКЕДОНИЈА (за време на СФРЈ во 2 ЈФЛ) има една јака работа шо ја имам слушано од стари... На дерби натпревар во ПРИЛЕП, ПОБЕДА-Вардар, скопјаните донесле мајмун, облечен во дрес од ПОБЕДА, ама нашиве разбрале и ги дочекале подготвени, па на терен изнесле магаре облечено во дрес од Вардар!!!
Eeee, а колку е тешко мајмун да се најде, вие бар магариња колку сакаш имате :) плус вие мајтапчии сте, ве знаеме сите, затоа се мајтапи со цела лига и оној баџоно ваш :)
 
Голема разлика има од навивач до симпатизер.
Навивачот,за разлика од смипатизерот,секогаш е спремен да направи нешто за својот омилен клуб,а симпатизерот ке купи семки,ке седне на страна и ке гледа обичен фудбал.
Навивачот е секогаш со својот клуб,на својата матична трибина со цела навивачка група и пее за клубот,и во добро и во лошо,секогаш е со него,секаде го следи и го бодри својот клуб,без разлика колку далеку игра и со кого игра.
 
Па фала богу навивач сум за интер коа ги даваат на тв не пропуштам да не ги гледам. А симпатизер е нешто друго само идес и глеас утакмица не мора да значи дека навиваш за тој тим.Затоа мислам дека навивач е поголема работа од симпатизер
 
Поттикнат од ставовите на Викторгг на ова прашање, ја отворам оваа тема да разјасниме како што треба.

Дали сте симпатизери, или навивачи на вашиот омилен клуб? По мое гледиште, а до некаде и на Викторгг, навивач може да си само на клуб од домашното првенство, и не туку-така, туку да го поддржуваш во лошо и добро, да даваш се за тимот, да одиш на стадион на натпревари и се што оди со тоа...

Не можеш да бидеш навивач на клуб надвор од твојата држава, иако и јас самиот се ословувам како таков, конкретно за Челзи.
Никогаш не си отишол на стадион, никогаш нема да одиш, ништо не си направил за да му помогнеш на клубот - ти си нула и не си постоел за клубот. (зборувам за нормални случаи, знам дека има и кај нас некој што отишол на натпревар на Милан, Баерн, Манчестер, Барселона...)
Иако знаеш се’ за клубот (како еден мој болен другар што ги знае и докторите и физиотерапевтите на Милан, да не прајме муабет за играчи...), не си навивач, туку едноставно симпатизер. Иако секој голем успех или тежок пораз го доживуваш со големи емоции и како своја лична победа или пораз, не си навивач.


Тоа беше мое мислење, чекам и ваши (издржани) мислења околу оваа дебата што по темите на Фан Клуб се развлекува подолго време.
И ако не сум отишол на стадион значи не сум навивач на челзи а???
Чудно размислување

А на пример не испуштам меч кога игра челзи на тв,а не сум бил на стадион и тогаш не сум навивач.Ова е според твоето размислување.:nenene:

НАВИВАЧ СУМ НА ЧЕЛЗИ ИАКО НИКОГАШ НЕ СУМ БИЛ ВО ЛОНДОН,НО НИКОГАШ НЕ ПРОПУШТАМ МЕЧ КОГА ИГРА ЧЕЛЗИ,ПА МАКАР И ЗА ЖИВОТ И СМРТ ДА СЕ РАБОТИ
 
И ако не сум отишол на стадион значи не сум навивач на челзи а???
Чудно размислување

Воопшто не е чудно. Навивач викаш, а си ги гледал само на ТВ, со пиво и пуканки до тебе. За пивото не знам уствари, можда и рано ти е. :)
Јас сум навивач на ФК Охрид, и на никој друг фудбалски клуб. Со внимание и посебен драж ги следам натпреварите на Челзи, но не сум навивач на клубот. Исто така, ги симпатизирам Лацио, Севиља, Хофенхајм, Рен... Ама не сум навивач. Не може да си навивач кога не придонесуваш за клубот на ниеден начин, кога си безгласна буква. Излезете и бодрете го локалниот клуб, изнавикајте се, испцујте мајки-шајки, подобро ќе ви е.
Сум одел на стадион на Охрид како детиште уште, кога уште ни правилата на фудбалската игра не ги знаев, со татко ми и чичко ми на секој домашен натпревар. Кога потпораснав малце почнав со другари да одам на натпреварите, сме фрлале со камења и дрва по ватрогасците ко ни пуштаја шмркој, сум пцуел цајкани па сум бегал дур ме држеле нозете... Бев во првите 10 членови на реформираната навивачка група Рибари, одев на стадион на 40 степени кога во несвест се паѓаше од топлина, одев на стадион кога истураше како од кобел и на стадион бевме 20 души Рибари наспрема 120 Војводи, и не’ столчија и на трибини и на терен...
Тоа е навивање. Клубот ми е во втора лига и со еден куп проблеми. Не е навивање да се раздереш и да се израдуваш кога Лампард ќе даде гол или кога топката од две стативи ќе заврши зад линија.
 
@ Super Frank CFC
Ти си TV supporter бе, мајсторе. И никогаш не можеш да бидеш исто со тие што се секоја недела на стадион со својот сакан тим. Ни случајно
 
Добро сега секој си има свое мислење иако може да не ни се допаѓа,ама се почитува.Јас го почитувам твоето мислење аме не се согласувам со него:smir:

:toe:Јас себе си се доживувам како навивач
 
Навивач на Вардар симпатизер на Манчестер Јунајтед
Неможам да бидам навивач на Манчестер коа неам отидено ниеднаш на Олд Трафорд да седнам до тие навивачи и да пеам со нив...
Под навивач се подразбира да одиш со клубот кај и да игра да ги знаеш сите навивачки песни, да одиш со матичната група насекаде, а не да седиш пред ТВ и да јадеш нешто и на секоја шанса да рипаш од кревет...
 
Добро сега секој си има свое мислење иако може да не ни се допаѓа,ама се почитува.Јас го почитувам твоето мислење аме не се согласувам со него:smir:

:toe:Јас себе си се доживувам како навивач

Ти можиш себеси да се доживуваш како сакаш, ама реалноста е друга работа!!!:smir:

Дајте посветете им се на "опипливите" нешна во животот!!! Немојте да гледате само ТВ, туку и живејте малку!!! Излезете надвор, појдете на фудбал, викајте, карајте, скршете некој џам...здраво е адреналинот да ти се покачи!!!
 
јас сум навивач на ливерпул иако не сум го гледал на енфилд или на некој друг стадион ама штом ќе ми се пруже прилка да го гледам веднаш ја користам а не пропуштам натпревар да не го изгледам или на тв или на нет
 
јас сум навивач на ливерпул иако не сум го гледал на енфилд или на некој друг стадион ама штом ќе ми се пруже прилка да го гледам веднаш ја користам а не пропуштам натпревар да не го изгледам или на тв или на нет

Заклучок: Tи си симпатизер на Ливерпул!
 
не мора да одиш на натпревар за да си навивач. навивач си ако се радуваш ко лудак и се дереш на цел глас кога твојот сакан тим ќе постигне гол или ќе победи, кога кубеш коса кога тимот твој сакан губи.

навивач си кога пратиш се што се случува околу твојот тим и те боли срце кога некој главен играч ќе си замине.

симпатизер е поблага форма на пратење на некој клуб, значи повремено го гледа оти му се допаѓа играта на тој тим.
 
Навивач .:pipi:
На пример ја навијам за Тетекс и одам на нивни натпревари.
А исто така сум и навивач на Арсенал. Би дал исто така се и за него. Би дал многу да отидам да гледам нивни натпревар. Но реалноста е сурова и ќе си останем овде у Тетово со Тетекс и низ Македонија на гостински натпревари.
 
Strastven navivac na vardar!!!!!!!!! I simpatizer na Deportivo La Coruna.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom