Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум жив, а да не се пофалам. Вчера уочи предновогодишно славење, откако легнаа парите на сметка прво тркнав до Или-или па до III и си ги зедов „Ние сме лудаци“ од Кокаланов, „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски (Или-или) и „Клубот на непоправливите оптимисти“ - Жан Мишел Генасија. Се острев и за Ишигуро, но не им стигнал уште.
 
Се острев и за Ишигуро, но не им стигнал уште.
За која од Ишигуро?

Јас пред 3-4 дена, исто Или Или:
-Гаргара - Игор Станојоски
-Небо без ѕвезди - Владимир Мартиновски
-Собирачи на пепел - Давор Стојановски
-Очи со боја на чевли - Петар Андоновски

Оти е добро. Со сонце. Од Македонија! :P
 
Остатоци на денот. Оваа со клоновите ја имам. Чекам коментар за неа :D
Гаргара е одлична. На @wot само нема да му се свиѓа пошо е као Зафон.
Се мислев за Мартиновски, го распрашав малку Игор, ми вика убава е, ама мене немало да ми се допадне. Сеа ја читам оваа на Давор, лесен стил, по малку ме плаши да не биде ништо посебно на крај. За сеа погодена е. Се мислам и „Месечевата“ да му ја земам.
Дури сеа на Пеце му ја купи? :D
 
„Месечевата“ јас му ја имам одамна ама ме плаши големината, не сум му ја почнал. Новава беше по предлог на Стевовиќ, рече дека била одлична. Небо без ѕвезди ја почнав, не знам зошто не би ти се допаднала. Ете, напишав еден хаибун во Драга кајгана, можеш да видиш по тој колку се магични, интересни, проникливи, лирски текстчињата. Гаргара ја зедов дека ти ја испофали и дека „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ му беше преубава, и за мене најубава во 2016. А „Очи со боја на чевли“ дури сега ја купив оти од порано ја имав другата, наградената на Утрински, а до сега, до третиве изданија на двете, не се продаваше посебно, туку нели двете заедно за 250.[DOUBLEPOST=1483308405][/DOUBLEPOST]А Остатоци на денот кој ќе ја издава, Или Или?
 
Издaденa е oд III. Јa имaaт вo Ленинoвa нo не и вo ГТЦ.
 
Последни земени ми се следниве.
1. Морфиум - Шчепан Твардох
2. Магла - Мигел де Унамуно
3. Џенем - Евгениј Замјатин
4. Вечниот малограѓанин - Еден фон Хорват
5. Семе на смртта - Џевад Карахасан
6. Браќата Систер - Патрик Девит
7. Падот на Ајфеловата кула - Јетон Незирај
8. Подрачје без сигнал - Роберт Перишиќ
9. 517 - Сања Михајловиќ Костадиновска

И ги добив двата тома од Ненаситност - Станислав И. Виткевич
 
Ова личи на крај - Џулијан Барнс во III
Дезориентисани - Амин Малуф во Топер
Во трагата на бродот во Или-или
Langford's "Starting photography во Академска книга.
Последниве две на попуст ги дочекав, како и да е, матер и` ебав на платава :(
 
Втората прочитана (ја зедов од библиотека), ама сакав да ја имам како моја.

16976231_10212565113467989_1734342762_n.jpg
 
Попуст на штандот на Саем на книгата на Македоника литера во Струмица. Два тома „Синот на слугинката“ од Стриндберг за 400 ден. Првиот во низата автобиографски романи од еден од зачетниците на модерниот театар.

sinot-na-sluginkata-2-del-korica.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom