Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Picture 2833.jpg денес(конечно) со големо задоволство
 
Не си купив јас туку сестра ми. Беше на одмор во Охрид и познавајќи ми го вкусот грабнала 4 книги. Две (Раскази од Чехов и Повести од Гогољ) се постари изданија кои подолг период ги барам, другиве од Бергсон и Толстој се нови. Од Толстој е 2016-та.
Гогољ ми се дуплира според содржина (пошто ги имам расказите од Детска радост) но шмекот кој го има кај постарите книги со дебела корица е посебен нели.

14060126_10210589628962111_398459383_o.jpg
 
Оваа од гијом ми е по препорака од другарка се надевам нема да биде површна и досадна..една претходно што му читав ми беше мех..
ece8bfeae9da9f885769c98920f58233.jpg


Sent from my SM-J200H using Tapatalk
 
Денес кога шетав низ чаршија видов како едно постаро човече влечка многу книги и влегува од продавница в продавница да му купат нешто. Го застанав да видам шо има, пошто некако ко грев да ми падна и кон него и кон пишаниот збор, па и малку негодување кон реакцијата на народот (она брзопотезно одебување преку мавтање со рака). Носев 200ки во мене, па така ги зедов овие две. :)

14881620_10211288283188030_732451797_o.jpg
 
Ноќниот воз за Лисабон - Паскал Мерсие
од издание на III.

Кај Жаре Жбрц, на кеј, пошо распродадена по книжариве.
 
Охрид на тезгите за книги, има кутии со книги фрлени настрана, пишува 3 за 100 денари. Ај си велам да видам што има таму. Гледам се добри книги, изданија на Блесок. Нови книги, ги гледам неоштетени, пола од нив буквало кога ќе ги отвориш мирисаат на ново, другите не верувам ни да ги прочитал некој. Седат така фрлени најнакрај, еј си викам ова гарант е грешка нема шанси.
Да купиш книга од Блесок треба да продадеш бубрег или нешто слично, овде чмаат така. Ги грабам сите изданија на Блесок што ги имаше во кутиите. Зедов 9 книги и одам да платам со сиот срам, си реков овој ќе ме врати или ќе ми побара ѓаол ипол цена некоја. Смирено така ко никому ништо ми вели 300 денари дечко, а јас држам 9 книги во мене лооол кој кого зеза овде. Како бе му викам овие ги давате вака, тој ми вели - па никој не ги купува што да правам. Супер.
Jt1JfNI.jpg


Ова ми е најдобар улов досега. Пресметував колку се на ново на страната на Блесок, испаѓа да сум заштедил 3 400 денари.

И јас имам купено вака 3 за 100 и тоа Понекогаш е јануари среде лето, Дванаесеттиот дијалог и Раковиот напоредник? Ти не ја најде последнава или ја имаш(е) веќе?
 
И јас имам купено вака 3 за 100 и тоа Понекогаш е јануари среде лето, Дванаесеттиот дијалог и Раковиот напоредник? Ти не ја најде последнава или ја имаш(е) веќе?
Ја имам, таа е најдобрата :)
 
Во последно време се` повеќе ми испаѓа да земам по една книга кога одам, а што е „застрашувачко“ одам минимум 2пати месечно во книжара.
Така денес ја зедов Кланица Пет од Кнут Вонегат, издание на Темплум, во книжарница III. За релативно ниска цена од 200тина денари.
Треба малку да запрам, иначе ќе почнам да правам анекси по полициве од што немам место веќе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom