Си купив книга

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.545
Ама видете ги кои беа цените на книгите во Табернакул:

1612894203056.png

Овие ги продава по 400 - 450.

1612894259085.png

Грчки митови ја купив од кај неа 550.

1612894379591.png

Кундера го продава 300, Памук 300-450... Изгледа ко да ја бранам, ама реално, не може да очекувате книгите да се со многу пониски цени, сепак се сосема нови, не се отворени, што се вика.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.125
Памук го продава 500 и 550. :LOL:
Солено ми е за таа цена.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.002
Поени од реакции
24.470
300 една. По претходна сугестија на Сусаро пробав да се ценкам ама со онлајн продавачи не ми иде. :ROFLMAO: Ама испадна фер и каргото го плати таа.

Кога сме кај онлајн продавачи имам приметено дека се изнакупуваат книги на попусти како оној на Антолог што беше 10 книги околу 500ден и после си ги продаваат по цени од книжара. (n)
Да, и ова би било добро да се знае, бидејќи и не е баш познато освен ако не си трговец со книги туку само купувач. Кога книжарниците имаат од оние гранде попусти и акции, ама стварно големи попусти како конкретно таа што ја спомна или како од Матица кога имаат 4 книги за 200 денари, препродавачите вадат одма кеш и земаат во големи количини за после да ги препродаваат за регуларни цени. Ама не сите книги, знаат точно што ќе се бара. За разлика од нас, за нив е тоа инвестиција и зделка и дури ти касно дознаваш оти имаш и други работи во текот на неделата и додека размислуваш што да купиш, они реагираат веднаш, тоа им е работа, да ги пратат книжарите и цените. Затоа дел од книгите на огромен попуст се продаваат уште во првите ден-два, распродавањето не е само резултат на интересот на читателите, има тука и бизнис. Еден препродавач ми рече дека "Папата Јована" 200 пати да може 200 пати ќе ја купи без да има страв дека нема да ја продаде.

Така да за наша среќа тоа обично се кичерајските книги Коелјо, Ог Мандино, Калуѓери, Ферариња... Кој кажа претходно, Злате мислам беше, трендот е сега тетки да купуваат чик-лит со убави шарени корици па затоа Сакам Книги и Матица се во подем. Еднаш спомнав, еве уште еднаш, пресекот на множества меѓу нивниот и нашиот избор се книгите кои се воедно и добри и популарни. Книги кои се веќе станати општа култура како на пример Шерлок Холмс, Хари Потер, Дракула, Франкештајн, Song of Ice and Fire, книги кои се или скоро или доста често екранизирани, односно сума сумарум книги кои на еден или друг начин станале бренд. Затоа секогаш кога има такви прилики со јаки попусти, прво земање најпопуларните, а после и најдебелите по страници. Ако ги бараш тие книги покасно на старо препродавачите нема да спуштаат на цена поради популарноста или бројот на страници. Ете Ерик пред некоја страна пиша дека земал 3 книги од Ѕвезди на светската книжевност со тврд повез од кои 2 по 150 денари и една за 200. Можам да се кладам без да ги видам книгите дека таа за 200 има повеќе страници од другите две и токму заради тоа е и поскапа.

Што се однесува за книгите на Табернакул, дел од нив се реиздадени како дел од Ѕвезди на Светската Книжевност, во тврд повез и/или во мек од други издавачки куќи доколку сакате да ги имате чисто како книги, а не стриктно баш тоа издание. И пак ќе ви кажам, не ве кошта ништо да се организирате и да направите група во приватен чат. И Блага ќе ублажи ако купите 15-20 книги, ако сте 4-5 и земете секој по 4 книги.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Ама видете ги кои беа цените на книгите во Табернакул:

Прегледај го приврзокот 283303

Овие ги продава по 400 - 450.

Прегледај го приврзокот 283304

Грчки митови ја купив од кај неа 550.

Прегледај го приврзокот 283305

Кундера го продава 300, Памук 300-450... Изгледа ко да ја бранам, ама реално, не може да очекувате книгите да се со многу пониски цени, сепак се сосема нови, не се отворени, што се вика.
Ја контактирав за Степски волк и ја има се уште, 300 денари, па се договоривме да ја земам. Еве што ми пренесе набрзина во однос на цени.

Прашки гробишта - 500
Бавност и Незнаење (Кундера) - 250
Проштален валцер, Книга за смеата и заборавот - 300
Животот е на друго место - 350
Неподносливата леснотија на постоењето - 400

Ќе ја земав Прашки гробишта пошо немам ништо од Еко од Табернакул, ама скапичка е засега, плус Прашки гробишта ми е можеби најслабата книга од Еко такашто ја прескокнав.

Инаку како што спомна @Sussaro за евентуална набавка на поголема количина книги, мене рачунајте ме во секое време, одамна решив да не купувам нови книги туку да се посветам на колекционирање на изданија коишто сум ги читал, ама не ги поседувам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.545
И Блага ќе ублажи ако купите 15-20 книги, ако сте 4-5 и земете секој по 4 книги.
Јас секој месец и купувам по две. Не спушта она. :D
Автоматски споено мислење:

Ајде бе, јас сум за да се организираме и да пробаме ко што вика @Sussaro . Ете, мојот влог ќе биде толку колку што ќе чини да купам сѐ што нуди, а јас го немам, од Табернакул.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.125
И јас се подновив од соленава. :D Книгава е гланц нова, неотворена. Се познава дека не се свиткани кориците.

20210210_113841.jpg

П.С. ако планирате групна нарачка, и јас би се приклучил за Памук, ако ги намали цените.
 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
107
Поени од реакции
32
Јас сакам од Полица книгата за Пинк Флојд и сакав да ја земам ама 8 факинг стотки е.
Мислам дека е многу.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.860
Вака собрани може со хебла и вреќи да го најдеме складот во Газела :LOL:

Од романите на Табернакул имам собрано тоа што сакам, ама ако ги има драмите од Горан Стефановски, би можел да се приклучам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.125
Вака собрани може со хебла и вреќи да го најдеме складот во Газела :LOL:

Од романите на Табернакул имам собрано тоа што сакам, ама ако ги има драмите од Горан Стефановски, би можел да се приклучам.
Ги имаат реиздадено Полица. Види кај нив.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Прашање за изданијата на Табернакул: Дали и овие се во ист облик како избраните дела од Достоевски што ги имаат издадено, во мал формат, со мал фонт, и се некако мало и збиено така што дури првата буква од секој ред не се гледа целата.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.002
Поени од реакции
24.470
Прашање за изданијата на Табернакул: Дали и овие се во ист облик како избраните дела од Достоевски што ги имаат издадено, во мал формат, со мал фонт, и се некако мало и збиено така што дури првата буква од секој ред не се гледа целата.
Не се такви, во нормален формат се, оној "стандардниот" од 17 сантима ако не се лажам, ама имаат една друга заебанција што за некого е може ситница, ама мене лично ме нервира и тоа многу. Кога ќе ја отвориш книгата, страниците не се отвораат најубаво до крај, многу се стегнати во централниот дел на местото каде се лепени страниците со корицата, и кога треба да ги читаш последните зборови на секој ред од "левите" страници (страниците што ти идат од лево кога ја читаш книгата), или првите зборови на секој ред од десните страници треба книгата да ја тегнеш или развлечеш за да ги прочиташ и нив. Ужасно печатарско решение, ти го ебе уживањето, барем за мене си зборам. Знам дека може не го објаснив ова баш најдобро затоа ќе се потрудам со слика.

Види ја десната страна, оти кај левата баш во тој дел има отсјај. Гледаш како првите зборови од секој ред се "скриени" во тој "процепот" или како и да го крстам. Епа потполно истото е кај книгите од тоа издание на Табернакул, треба да го шириш процепот за убаво да ги прочиташ тие зборови што се во него. Тие што имаат од книгите на Табернакул од таа едиција ќе ме разберат за што зборам.

Јас секој месец и купувам по две. Не спушта она. :D
Пробај со 20 на месец. И ќе спушти и ќе ти ја пее:

Последно уредено:

Да, те разбрав убаво, истото тоа го има и кај изданијата од Достоевски, тоа што напишав „првата буква од секој ред не се гледа целата.“ е баш тоа што и ти го објасни. Навистина лошо решение.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom