Што ми ја исцрпува енергијата? Па меѓу другото исто што и на повеќето што се потпишале на темава.
Ликови кои се познати како енергетски вампири или психо-паразити, кои секогаш се во близина. Некои од нив за жал не можам да ги избегнам.
Ме уморува понекогаш, празното, лишено од смисла секојдневие, кое длабоко сум убеден не е само мој проблем.
Некои навики од кои не се ослободувам а чија првобитна причина и нужност одамна се изживеани.
Државава со сите апсурди и глупости во неа, со безидејноста и просташтвото, бедата (материјална и духовна) кај многумина, илузиите во кои живееме.
И можеби најмногу од се чувството дека го губам своето време (кое е неповратно) за нешта кои во некои понормални околкости не би ми паднале ни на памет.