Што ве исполнува во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да,

Што е она што ве исполнува во моментов?

Да, Што е она што ве прави среќни, весели, насмеани и полни со енергија?

Што е она што во моментов ви дава мотив и поттик за работа?

Колку ве исполнува: работата, факултетот или школото што го учите, пријателите, секојдневите случувања, околината...?
 
моментално ме исполнуваат другарките и другарите,секој миг поминат со нив,секој спомен ме исполнува.
ме исполнува и помислата дека конечно ќе учам она што навистина го сакам.
ме исполнува полната месечина...
 
Ме исполнува оваа прекрасно облачно време ни жешко ни ладно (таман) ме исполнуваат и другарите , личноста што ја сакам , личноста што ме сака.... итн
 
другарките, друштвото, седенките како вчера до 6 сабаајле... она не јакото сонце, и тоа поручок... и моите соништа, фантазии.. желби
 
Ме исполнува животот и сите негови лоши и добро работи.
 
Ме исполнува тоа што си станав тетка:vozbud: и среќна сум на некој начин. Ме исполнува работата зашто си ја сакам најмногу и со насмевка си идам на работа сабајле, ми дава поттик семејството, саканите луѓе околу мене ме мотивираат да одам понатаму кон целта. Ме исполнува тоа што го имам постигнато и желбата допрва да постигнувам. Исполнета сум зашто работам, се занимавам со нешто не безделничам и не се досадувам, увек имам нешто што можам да го сработам. :helou:
 
Ме исполнува топлината на моето тело во моментов.

Се облеков во зимска гардероба.:pipi:
 
Топло нескафе.

А да она другото исполнување се барало... еден филм на препорака од Ајронтрупер и по малку дождот.
 
Ме исполнува топлината на моето тело во моментов.

Се облеков во зимска гардероба.:pipi:

Нема потреба од паника се додека не те ИСПОЛНИ топлина на некое туѓо тело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom