Што ве исполнува во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Дождов...музикава што моментално ја слушам...и чувството на неизвесност...:pipi:
 
Ме исполнува животот и сите негови лоши и добро работи.

И лошите работи те исполнуваат?:toe:

А зошто не би го исполнувале и лошите? После нив доаѓаат добрите :wink: Животот е убав без разлика дали моменталната перспектива на работите е добра или лоша.

Што ме исполнува во моментов? - Чуството на одговорност, првпат во 4 години земав да напишам домашна по математика :) и Lenny Kravitz во позадина....
 
А зошто не би го исполнувале и лошите? После нив доаѓаат добрите :wink: Животот е убав без разлика дали моменталната перспектива на работите е добра или лоша.

Што ме исполнува во моментов? - Чуството на одговорност, првпат во 4 години земав да напишам домашна по математика :) и Lenny Kravitz во позадина....

Апсолутно.
А, зошто мора да се ориентирате кон лошите?
Креирајте ја секогаш моменталната состојба кон подобро, има милион работи шо се тука да помогнат како асистенција.

Јоцо, пеер, премногу си сентиментален.
Не биди толку кршлив емоционално, Rise Up Against The Enslaver (депресијата).

Мене моментално ме исполнува невремето надвор и мрачниот дет на Bolt Thrower.
 
Што е она што ве исполнува во моментов?

Сите големи и малечки коцки на небото. :)
Ме исполнува неговото присуство на чудни места со цигара во уста, ме исполнува мајка ми кога готви во кујна, ме исполнува татко ми кога пие кафе, ме исполнува братучедка ми кога јаде сончоглед, ме исполнува црвениот лак на ноктите.
Ммм ... мислам дека ме исполнува животот кој што го живеам, колку и да звучи како клише. :)
 
ме исполнува очекувањето да почнам со факултетот

тоа ќе биде едно ново поглавје од животот, за кое сите ми велат дека и ќе ми биде најубав период до сега

така да, едвај чекам да почнам
 
Моментално времето, звукот на капките дожд, мирисот на дождот, свежиот воздух и музиката. Денов е само за метал балади, класика или некој добар џез...
 
Моментално ме исполнува мониторот.
Толку убави ствари има на него,неможам да не бидам среќен поради тоа:pipi:
 
Моментално,ептен ме исполнува,односно ми прави ќејф бојава на косава,леле ама си ја сакам.

За дргарите,кучето,блиските личности кои ме опкружуваат,секојдневните глупости кои ме наоѓаат,школото и слично,тие ме исполнуваат цел живот,не само во моментов.
 
Me исполнува смеењето со една личност:back:
 
ме исполнува помислата дека набрзо ке ми се смени се , заклучно со преселувањето од мојов град во друг , секако за на факултет , и тоа што има неколку личности околу мене што вистински ме сакаат:helou::wink:
 
Љубовта не ме исполнува...одамна ја немам почувствувано, мислев дека ја чувствувам ама само се залажував самата себеси.
Ме исполнува тоа што сум сама на тоа поле.....не сум осмена , имам многу пријатели ...но сепак сум сама.

Работата ме исполнува, дружењето иако и со тоа малку паузирам , среката на другите околу мене ме исполнува, и уредувањето на домот во моментов ми е главна преокупација така што тоа ме исполнува најмногу
 
Во моментов.......ме исполнува едно чувство на љубов- која ја имам околу себе и која ме одржува во присебност кога сум јако,јако изнервирана...
 
Ме исполнува помислата на утрешниот ден
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom