Muse. Пак. Sing for Absolution, во моментов. Некој на фејсбук беше ја објавил Time is running out, а мене пуст, една песна ми е малку... Ќе истера цел албум дур да заспам.
Ептен обожавам да гледам вакви деца. Мелодични, приземни, си тераат работата, а песнава ми е скроз јачина. Во последниов месец дена преслушување, една од најкомплетните, најемотивните мелодии.
Мик Џегер и Кит Ричардс биле импресионирани од моќниот вокал на Муди Ватерс. Дури и името на Стоунси доаѓа од една негова песна, Rollin Stone. Стариот свири во еден клуб, а внатре влетува цела постава на Стоунси и ги поканува со него на сцената. Небо се отворило во моментот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.