Што се суканиците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Efi
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се свиѓаат... Али не би направила... Од причина што после треба да се шишам 1, не за друго :) А тоа нема шанси... Златна коса :)
 
Ми се свиѓаат... Али не би направила... Од причина што после треба да се шишам 1, не за друго :) А тоа нема шанси... Златна коса :)
Koj те лажел? Се отплеткуваат, јес да е малце повеќе болно ама се отплеткуваат
 
Страшно ме иритира простачкото расудување дека луѓето што имаат суканици по дифолт се “дрогаши“. Просто, не ми се верува како млади луѓе можат да мислат како пензионери некои. Море, и ќељав да си, ако не се бањаш ќе смрдиш!!! А ако си свесен дека со суканиците иде и поголема грижа за косата, и си спремен да го направиш тој потег зошто да не го направиш?

Баш ми се симпатични луѓето со суканици. Кога ќе видам некој со суканици, првиот впечаток за него ми е дека е весел, креативен, духовит, лабав, фристајл човек. А ги сакам таквите луѓе :icon_lol:

Јас не би направила суканици од мојата коса... није то за мене. Нити сум нешто запознаена со растафаријанството, нити па се во мој стил... ако напраам суканици ќе бидам ко луѓето што ставаат тетоважи-трајбали на јужнокорејски што ни самите не ги разбираат. :icon_lol: Башка, страв ми е, морам да признаам. Ретко правам радикални промени со изгледот, а најретко па со косава.
 
Суканиците се уште една работа што белците ја прават за да изгледаат ко црнци, после рапувањето и блузирањето. Bunch of fucking wiggas. Ги прави да изгледаат ко дегени и треба да се забрани законски. :baeh:
 
Аман бе младино, арно рече некој погоре, во време на диктатура да не живеете, па генерализации од ваков тип?!

1. Суканиците се дел од андерграунд културата, поврзани се со философија на живеење и сл. Доколку некој ги направи од чисто помодарство, ако де, нека му се. Ќе му помине ќеифот, ќе се ишиша.

2. Тоа дека се гнездо за вошки е во најмала рака смешничко. Доколку некој не води грижа за хигиена, секако, ама во таков случај секоја коса би била гнездо за вошки, нели? Оние што се фалат дека не си ја миеле косата цел месец, се шути и незрели. Мојот бивши кој има суканици, гарантирам дека е почист од сите нас заедно, а мириса поубаво од цвеќе. Нему му е природно многу виткана и не ја прави, сама му се сука.

3. И уште еднаш. Отворете го срцето и не туку судете, за да не ви судат и вам, па после да се нервирате. Ај така :helou:.
 
А камоли ја да ставим суканици. Лелееее :):):)
 
Многу валкано и нечисто, нехигиенски ми изгледаат суканиците ги мразам и кога ке видам дека некој има одвратно ми е:nenene:
 
Зависно до суканиците , знаат да изгледаат добро но знаат и да бидат премногу нечисти/нехигиенски .

И од кај ви тоа дека косата им е неизмиена??
 
Лично јас не би направила суканици, но убаво ми изгледа кога ќе видам на некого, особено ако се долги...мммм:pipi: Би направила можеби две суканици, цела коса не.
 
Еден другар мој има густа виткана коса и му се увиткува самата во суканици, па си ја носи косата до рамења. Никогаш не се чешла, затоа што чешелот ќе му се заглави во косата. Еднаш се ишиша кец, па кога почна да расне косата му растеше во рокчиња. Не знам, него убаво му стои косата, но едно девојче што ми е комшика смрдеше на радиус од 20 метра, со суканици правени со восок.

До восоците е Џени ;) Кога ке се измешаат себумот (секретот од лојните жлезди) на главата, со восоците од суканиците... Го имаш мирисот на дивината :)
Чуда прави биохемијава...
 
Сега поише е у мода вештачка суканица, скоро сите имаат додавано од туѓа коса.
А да имаш на своја глава воопшто не е лесно. И на почетокот коренот многу боли. Тоа е како да имаш гранка место прамен и кога лежиш претежно, боли.
Да имав подолга и погуста коса можда ќе направев, ама имам ретка коса, повеќе од 5 суканици тешко...
 
Место за развој на фарми за вошки, доколку не се одржуваат правилно :).

Штознам, никогаш не ми се бендисувале, а колку што слушам комплицирано е и нивното одржување.
 
Мене ми се многу симпатични, онакви убави, квалитетни, добро направени суканици.
Ама не би направила на себе зошто прво имам непогодно влакно, а второ не ми е тоа стилот.
 
Ако некој има и дава голема, долга, симпатична, мазна, невошкосана суканица, нека ме контактира :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom