Еве што жените очекуваат од нас “Мажите“!
Што ценат жените кај маж на 22 години:
- Убав
- Шармантен
- Да има пари
- Да знае да слуша
- Да има добра кондиција
- Да има стил на облекување
- Да цени убави работи
- Да е полн со убави изненадувања
- Да е инвентивен и романтичен љубовник
Што ценат жените кај маж на 32 години:
- Убаво да изгледа, по можност да им коса на глава
- Да ја отвора вратата во автомобилот и да и ја придржува столицата.
- Да има доволно пари да плати убава вечера
- Да слуша повеќе отколку што зборува
- Да се смее на нејзините шеги
- Без проблеми да ги носи торбите од пазар
- Да има барем една машна
- Да се сеќава на родендените и годишниците
- Да е романтичен љубовник, барем еднаш неделно
Што ценат жените кај маж на 42 години:
- Да не е баш многу ружен (веќе може да биде ќелав)
- Да не тргнува со автомобилот пред таа да влезе во него
- Сериозно работи, но сепак понекогаш ја носи на вечера
- Клима со главата додека таа зборува
- Не и ги расипува шегите со вулгарни дополнувања
- Има доволно кондиција да може да го преместува мебелот
- Носи кошула која може во добар дел да му го покрие стомакот
- Знае да отвори шампањ
- Му текнува да ја дигне даската на вц-шолјата
- Се бричи и за време на викендот
Што ценат жените кај маж на 52 години:
- Редовно ги средува веѓите и влакната кои му излегуваат од нос
- Не ждрига и не се чеша во друштво
- Не позајмува премногу пари
- Не заспива додека таа е над него
- Не ја повторува истата шега повеќе од 3 пати на ден
- Има доволно кондиција полека да стане од каучот
- Најчесто чорапите не му се распар и долниот веш му е чист
- Може да го чита преводот на телевизорот (со очила)
- Се сеќава на нејзиното име
- Понекогаш ќе се избричи и на викенд
Што ценат жените кај маж на 62 години:
- Малите деца да не се престрашат кога ќе го видат
- Се сеќава каде е тоалетот
- Не троши премногу пари на лекови
- ‘Рчи само додека спие
- Знае да каже зошто се смее
- Има доволно кондиција да стои исправен, кога е тоа потребно
- Не го мрзи да се облекува
- Не плука по куќа
- Се сеќава каде ја оставил вештачката вилица
- Се сеќава дека е викенд
Што ценат жените кај маж на 72 години:
- Дише
- Може да ја погоди шолјата
.....................
КУПИ СОПРУГ
Влегува жена во продавница за Нови Мажи, за да си купи маж.
На влезот на првиот кат, на знакот пишува:
Прв кат: Овие мажи имаат работа.
На вториот кат пишува:
Втор кат: Овие мажи имаат работа и сакаат деца.
На знакот на третиот кат пишува:
Трет кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца и навистина добро изгледаат.
Иако воодушевена од досегашната понуда, жената одлучува да продолжи.
Стига на четвртиот кат, каде на знакот пишува:
Четврти кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, вонредно се згодни и помагаат околу домашните работи.
"Фала ти Боже. Блазе мене, веќе не можам да издржам!"
Сепак, таа продолжува на петтиот кат, каде на знакот пишува:
Петти кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, вонредно се згодни, помагаат во домашните работи и имаат силна романтична страна.
Таа е примамена тука да застане, меѓутоа не може да се воздржи и продолжува на шестиот кат, каде на знакот пишува:
Шести кат: Вие сте посетител 31.412.124 на овој кат.
На овој кат нема мажи.
Овој кат постои само за да се докаже дека жените е невозможно да се задоволат.
Благодариме што купувавте во продавницата за Мажи.
За да избегне префрлања за полови предрасуди, сопственикот карши постојната, отвора продавница за Нови Жени.
Првиот кат има жени кои сакаат секс.
Вториот кат има жени кои сакаат секс и имаат пари.
Третиот, четвртиот, петтиот и шестиот кат никогаш не се посетени.