Истото ова го сакаат и мажите од жените. Јас ги правам сите овие горенаведени работи доколку сум со некоја. Но познавам многу девојки коишто само си чекаат убави нешта од партнерот и романтики а нив нигде ги нема за тоа. Исти сме сите у поглед на тоа и таквите потреби.....не можеш така да класифицираш дека само жените имаат потреба за внимание. Па да уствари жени сте....вие секогаш имате потреба за внимание

Толку сакате внимание што кога на пример вашиот партнер еднаш неделно ке седне со другарите да гледа фудбал вие ке му се јавите у сред утакмица. Тој понесен од атмосферата уз утакмицата и другарските моменти ви викапо телефон: Еј сонце ај ке ти се јавам после утакмица. Вие викате ок. Но откако ќе ја спуштите слушалката одма се јавуваат тие бубачките у главата шо ви викаат "Ej...ме откачи за фудбал...фудбалот му е поважен од мене...хммм...не добивам внимание".....Па фак јеа на крај краева! Еднаш неделно во рок од 90 минути фудбалот е најважна работа а вие сте споредни....и треба да се разбере тоа.
Aбе жени компликејтед....