Kvendolin
чупе од бурдите
- Член од
- 24 март 2007
- Мислења
- 1.003
- Поени од реакции
- 75
- Возраст
- 40
Идеален животот не можи да постои (за да креирам таков свет ќе треба ептем да ја активирам фантазијата) ама многу подобар би ми бил кога еве на пример, кога ќе излезам од дома и прошетам низ чаршија нема да ги сретнам скитниците или питачите во толкав број. Ќе влезам во УВР и нема да чекам 5 саати за еден пасош на пример. Нема да се нервирам што луѓе на моја возраст чекаат од родителите да им дадат пари за излегување од и така мизерните платички со кои ,,се кубори,,.Да не правам муабет сега за политиката, здравството образованието и животниот стил на младите оти ќе нема крај...Зборот ми е за мене животот се конкретни примери од секојдневието, присуство и одсуство на проблеми, свест и ,,осет,, за случувањата околу мене, а простор за филозофија и идеализим би имало само доколку погорните проблеми се веќе решени. Од секогаш привилигирани да се занимаваат со наука, филозофија и слично, биле богатите луѓе, додека овие другите барале начини ,,да преживеат,,.епа во наши услови во нашава македониичка така е....ама ај опиши како сакаш ти да живееш ...... твојот идеален живот како би изгледал
А, и мене ми е жал што не можам попозитивно да се изјаснам на тема:,,Што претставува животот за мене,,.