Ја вакви теми разглабам пред да заспијам, најчесто. Во зависно од денот, можам да донесам некој битен заклучок, или да сфатам нешто, да научам нешто ново.
Кога денот ми бил убав и ми се случило нешто што ќе го паметам, тогаш размислувам за настанот, за што ќе биде понатаму, па може и да забегам до оној степен и да се занимавам со смислата на животот.
Кога ќе ми се случи нешто лошо, мислам на позитивни работи, се надевам на подобро, дека следното утро кога ќе станам од спиење самото излегување на сонцето ќе ми го направи денот поубав.
Во двата случаи, навечер имам ненормално голема инспирација за пишување, па сето она што го имам напишано (поезија) го имам напишано во периодот од 2 до 4 насабајле, како инспирација на крајот на денот за нешто што ми се случило во текот на тој ден.