Што ни останува на крајот од денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Само креветот и анализа на безбројните грешки направени во текот на тој ден....
 
Некое добро тешко психоделиче.:smir:
 
Да изгасам компјутерот и да се испружам у кревет ко мрцетина. Ако не можам да заспијам слушам досадни песни од телефон и бројам овци. И то.
 
Крајот на денот... за мене повеќе би било почетокот на утрото :)
А што ми преостанува... Па да ја извадам шминката, да измијам заби и да си легнам.. Тоа :)
 
Ја вакви теми разглабам пред да заспијам, најчесто. Во зависно од денот, можам да донесам некој битен заклучок, или да сфатам нешто, да научам нешто ново.

Кога денот ми бил убав и ми се случило нешто што ќе го паметам, тогаш размислувам за настанот, за што ќе биде понатаму, па може и да забегам до оној степен и да се занимавам со смислата на животот.

Кога ќе ми се случи нешто лошо, мислам на позитивни работи, се надевам на подобро, дека следното утро кога ќе станам од спиење самото излегување на сонцето ќе ми го направи денот поубав.

Во двата случаи, навечер имам ненормално голема инспирација за пишување, па сето она што го имам напишано (поезија) го имам напишано во периодот од 2 до 4 насабајле, како инспирација на крајот на денот за нешто што ми се случило во текот на тој ден.
 
На крајот од денот ми останува да се помирам со фактот дека сум опкружен со луѓе од друга планета. незнам дали е до мене или до нив едноставно ретки се луѓето со кои најдувам допирни точки. живот во нивни стил ми е epic fali, така да не сакам да бидам ко нив а неможам да бидам тоа што сакам да бидам. на крајот од денот ми останува само да седам и да се пулам во ѕидот дури да заспијам. Понекош со ѕидо побрзо че се разберам отколку со општествово околу мене. peace
 
Креветот и анализа на поминатиот ден пред да заспијам.
 
Ги дефрагментирам регистрите, и хард дискот, односно размислувам како сум постапил, кај сум згрешил, и како во иднина да го поправам тоа.
 
Една длабока воздишка, констатација дека завршил уште еден ден и почеток на подготовките за новиот предизвик што не чека утре. И секој ден така! Со оваа мисла животот лета многу брзо.
 
да си легнам, и да не спијам =)
да расмислувам за сите работи за кои не сум имала време да мислам преку ден
да анализирам дали правилно сум постапила
и да мислам "што би било кога би било"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom